Ванковска: Прв чекор како претседател ќе биде раскинување на Договорот за добрососедство со Бугарија

Прв чекор како претседател ќе биде раскинување на Договорот за добрососедство со Бугарија, затоа што барањата во од таа страна веќе го надминаа тој договор како таков, истакна Билјана Ванковска, кандидат за претседател од Левица, на денешната средба со граѓаните на Штип. На средбите, Ванковска придружувана од пратеникот Борислав Крмов и членот на Президиум на Левица, Александар Симонов, разговараа со штипјани за моменталната ситуација во државава и за изборната програма на Ванковска. На граѓаните им беше поделена и програмата за кандидат за претседател на Билјана Ванковска.

Ванковска истакна дека граѓаните ги препознаваат искрените намери за зачувување на националното и бараат некој да го каже тоа што тие не смеат да го кажат. „Јас ветив дека ќе ја зборувам вистината и јасно го кажувам тоа што граѓаните го чувствуваат, а не можат да го кажат“, рече Ванковска.

Пратеникот и носител на листа од ИЕ5, пак, рече дека меѓу граѓаните се одлично прифатени, ја делат програмата и дека верува дека Левица го има најдобриот кандидат. „Професорката не е само најдобриот туку е единствен кандидат. Една е од ретките интелектуалци која во сите овие децении зборувала без влакна на јазикот. Таа е единствен интелектуалец која го нарушува статус квото во овие 30 години“, истакна Крмов.

Посетата заврши со положување свежо цвеќе пред спомен-релјефот кај Народниот театар во очи денот од бомбардирањето на Штип.

реклама

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Read more

Неколку трикови за идеални пржени лепчиња

Read more

Дали редовно го јадете зеленчукот што смирува воспаленија и го намалува холестеролот?

Read more

Ревматолог советува што да јадете наутро за здрави зглобови

Read more

Македонија

Арсовска од новата влада ќе бара прв приоритет да ѝ бидат законски измени за зголемување на платите на пожарникарите

Read more

Системот Безбеден град за видеонадзор на сообраќајниците е поставен во Скопје, Куманово и Тетово

Read more

Нови цени на дизелот и бензините од полноќ

Read more

Не наседнувајте на лажни пораки за парична помош од државата

Read more
 

Вести

  • filter

Арсовска од новата влада ќе бара прв приоритет да ѝ бидат законски измени за зголемување на платите на пожарникарите

Читај повеќе

МакеДокс е во потрага по шестата генерација Докуникулци

Читај повеќе

Уапсен врховен судија поради сомненија за примање поткуп

Читај повеќе

Нови детали за трагедијата во Иран: Технички дефект е причина за падот на хеликоптерот

Читај повеќе

Меѓународниот кривичен суд побара апсење на Нетанјаху и лидерот на Хамас

Читај повеќе

Биткоинот поскапе на 61.710 евра, инвеститорите се претежно оптимисти за понатамошниот раст

Читај повеќе

Системот Безбеден град за видеонадзор на сообраќајниците е поставен во Скопје, Куманово и Тетово

Читај повеќе

Светската цена на златото повторно на рекордно високо ниво

Читај повеќе

Креативна работилница за средношколци за пишување поезија

Читај повеќе