Ракомет

Вардар пресилен и за Рајн Некар Ловен

12. октомври 2014 - 21:39 | Kајгана/Макфакс

Ракометарите на Вардар го задржаа максималниот ефект во Лигата на шампиони, откако во третото коло во Ц групата, го победија Рајн Некар Ловен со 28-25 (13-13).

Тимот на Раул Гонзалес го скриши отпорот на лидерот во Бундес лигата во второто полувреме. Арпад Штербик со серијата одбрани им помогна на соиграчите да направат серија од 8-2, со која ‘црвено-црните’ создадоа предност од шест голa 21-15, која се покажа како недостижна за германскиот тим.

Штeрбик со 14 одбрани беше најдобриот играч на Вардар, додека стрелците ги предводеа Брумен со шест, односно Душебаев и Карачиќ со по пет гола. Петерсен со седум голa беше најефикасниот играч на натпреварот.

Во наредното коло на 19.октомври Вардар ќе гостува во Монпеље.

Коментирај