Вардар во второто полувреме го скрши отпорот на Порто

Скопје, 22 септември 2019 (МИА) – Ракометарите на Вардар забележаа победа со 32:27 над Порто на првиот натпревар на домашен терен во Лигата на шампионите во сезоната во која го бранат трофејот.

„Црвено-црните“ попладнево до бодовите стигнаа со подобра игра во второто полувреме, откако португалскиот шампион се покажа како цврст ривал и го доби првиот дел со 16:14. Во два наврата Португалците имаа и „плус 4“ (14:10 и 15:11).

По серијата од 3:0 на почетокот на вториот дел, вардарци го преземаа водството, а набргу потоа и покажаа дека немаат намера да дозволат изненадyвање. Порто се обиде со игра „седум на шест“ на која домаќините беа подготвени и со неколку голови од својата половина во 45. минута дојдоа до 27:20. До крајот гостите успеаја само да ја намалат разликата, но не и да ја загрозат победата на Вардар.

Најефикасни во победничката екипа со по седум голови беа Иван Чупиќ и Даинис Криштопанс.

За Вардар ова е втора победа во вториот настап од Б-групата во Лигата на шампионите оваа сезона, додека Порто остана на една победа, остварена во првото коло.

реклама

Тешка недела: Финансиски хороскоп за секој знак од 15 до 21 април

Read more

Со 11.100 км/ч за 1 час низ половина свет: Тестот беше успешен, доаѓа ракетен авион?

Read more

Зошто никогаш не треба да користите мобилен телефон додека сте во тоалет?

Read more

Како би изгледала Европа ако светското море се подигне за 100 метри?

Read more

Ракомет

Вардар го доби дербито против Еурофарм Пелистер, блескаше голманот Томовски

Read more

Познати четвртфиналните двојки во Лигата на шампионите, тронот го брани Магдебург

Read more

Најдебелиот ракометар во светот има нов клуб, доаѓа во соседството

Read more

РФМ ќе ги награди сениорските селекции ако се пласираат на СП и ЕП

Read more
 

Спорт

Дончиќ официјално прогласен за најдобар стрелец во НБА

Читај повеќе
  • play_arrow

УФЦ борач нокаутираше навивач: Од Русија сум, никој нема в лице да ме навредува

Читај повеќе
  • play_arrow

Се посрамоти за цел живот: Хрват го изведе најлошиот пенал и тоа во Ла Лига

Читај повеќе

Американците со најдобрите ќе настапат на Олимпијадата во Париз

Читај повеќе
  • play_arrow

Џеко на 38 години истрча од гол на гол за девет секунди

Читај повеќе
  • play_arrow

Како беше на скопското дерби Работнички - Вардар?

Читај повеќе

Проклетството на Кејн ја уништи трофејната низа на рекордерот Коман

Читај повеќе
  • play_arrow

Литванец го собори најстариот машки светски рекорд

Читај повеќе

Откриено зошто колабираше Ндика, немал срцев удар

Читај повеќе