Ватикан: Транссексуалците можe да се крстат и да бидат кумови за крштавање и венчавка

Транссексуалците можe да бидат кумови за крштавање и венчавка и можат и самите да се крстат, соопшти денеска Ватикан, одговарајќи на прашања на бискупите.

Дикастеријата за доктрина на верата не одговори јасно на прашањето дали истополовите парови можат да крстат посвоено дете или дете родено од сурогат мајка.

Во јули, бискупот Хозе Негри од Санто Амаро, Бразил, испрати шест прашања до телото на Ватикан за ЛГБТИ+ луѓето и нивното учество во светите тајни на крштевањето и бракот.

Трите страници прашања и одговори беа потпишани од шефот на дикастеријата, аргентинскиот кардинал Виктор Мануел Фернандес, а одобрени од папата Франциско на 31 октомври. Тие денеска беа објавени на порталот на дикастеријата на италијански јазик.

Одговарајќи на прашањето дали транссексуалците би можеле да се крстат, од дикастеријата одговориле дека можат под одредени услови и доколку нема ризик од јавен скандал или збунување на верниците. Дикастеријата, исто така, одговори дека транссексуалците можат да бидат кумови по дискреција на локалниот свештеник и кумови на бракот, но локалниот свештеник треба да биде пасторски мудар кога ја донесува одлуката.

Некои одговори се нејасни

Личност во истополова врска може да биде кум на венчавка, одговориле од дикастеријата, повикувајќи се на канонскиот закон што не го забранува тоа. Одговорот е помалку јасен кога станува збор за лицата во истополови врски и нивната улога во крштавките.

Бразилскиот бискуп прашал и дали истополовиот пар кој посвоил дете или го добил со помош на сурогат мајка може да го крсти тоа дете. Дикастеријата одговорила дека во тој случај мора да постои основана надеж дека детето ќе се образува во католичка вера.

Одговорот на прашањето дали личноста во истополова врска може да биде кум е подеднакво нејасен. Одговорот беше дека оваа личност мора да води живот во согласност со верата.

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Свет

Како иранскиот претседател го доби прекарот „Касапот од Техеран“?

Read more

Што би се случило со Германија доколку излезе од ЕУ?

Read more

Граничните процедури по Брегзит ќе ја чинат Британија 6 милијарди долари

Read more

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Read more
 

Вести

Како иранскиот претседател го доби прекарот „Касапот од Техеран“?

Читај повеќе

Волстрит достигна рекордни нивоа

Читај повеќе

Што би се случило со Германија доколку излезе од ЕУ?

Читај повеќе

Граничните процедури по Брегзит ќе ја чинат Британија 6 милијарди долари

Читај повеќе
  • play_arrow

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Читај повеќе

Обвинителката собра докази против тројцата осомничени за убиството на Вања и Панче, за Палчо истрагата трае

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Читај повеќе

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Читај повеќе

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Читај повеќе