Се комплетираше третото коло на Светското првенство во Јапонија каде со максимален ефект се Норвешка, Германија, Шпанија, Црна Гора, Русија и Шведска.
Група А
Норвежанките им го нанесоа првиот пораз на Србинките. Србија водеше сѐ до крајот на првото полувреме кога Норвешка направи пресврт и потоа до крајот не дозволи ниту израмнување.
Словенија направи голем чекор назад во борбата за првите три позиции откако доживеа дебакл од Ангола. Холандија немаше проблеми со слабата Куба на која ѝ даде дури 51 гол.
Холандија - Куба 51:23
Словенија - Ангола 24:33
Норвешка - Србија 28:25
Табела:
1. Норвешка 6
2. Холандија 4
3. Србија 4
4. Ангола 2
5. Словенија 2
6. Куба 0
Група Б
Во дербито на колото ракометарките на Германија со 26:25 ја совладаа Данска и направија важен исчекор кој освојување на првото место во групата. Јулија Бенке со 7 голови беше најефикасна на натпреварот предводејќи ги Германките кон оваа победа кој им донесе сигурен пласман во втората фаза.
Јужна Кореја продолжи со одличните игри овој пат триумфирајќи над Бразил, додека Франција имаше лесен тренинг со Австралија која во првото полувреме постигна едвај 3 голови, а на крајот не стигна ниту до двоцифрен број.
Јужна Кореја - Бразил 33:27
Франција - Австралија 46:7
Данска - Германија 25:26
Табела:
1. Германија 6
2. Јужна Кореја 5
3. Франција 3
4. Данска 3
5. Бразил 1
6. Австралија 0
Група Ц
Шпанија дури во вториот дел го скрши отпорот на Сенегал и обезбеди место во наредената фаза. Александрина Кабрал со 8 голови беше нерешлива енигма за Сенегалките.
Јованка Радичевиќ постигна 8 голови во важната победа на Црногорките над директниот конкурент Унгарија, додека Романија едвај излезе на крај со Казахстан.
Унгарија - Црна Гора 24:25
Шпанија - Сенегал 29:20
Романија - Казахстан 22:20
Табела:
1. Шпанија 6
2. Црна Гора 6
3. Романија 4
4. Унгарија 2
5. Сенегал 0
6. Казахстан 0
Група Д
Русинките со лесна победа над Конгоанките обезбедија пласман во наредната фаза каде многу блсику се и Швеѓанките кои му го нанесоа првиот пораз на домаќинот Јапонија.
Во дербито на дното, Аргентина ја совлада Кина.
Русија - Конго ДР 34:13
Кина - Аргентина 28:34
Шведска - Јапонија 34:26
Табела:
1. Русија 6
2. Шведска 6
3. Јапонија 4
4. Аргентина 2
5. Кина 0
6. Конго ДР 0