Вејн Руни: Пет играчи ја контролираа соблекувалната на Манчестер Јунајтед во времето на Ферги

Англискиот напаѓач Вејн Руни изјави дека постоеле пет играчи, наречени „Петмината од Керингтон“, чиј глас ја контролирал соблекувалната на Манчестер Јунајтед во годините кога тимот беше предводен од Сер Алекс Фергусон.

Вејн Руни е најдобриот стрелец на Манчестер Јунајтед и англиската репрезентација на сите времиња, но неговото најголемо достигнување е фактот што успеа да се наметне како лидер на една од најуспешните генерации на клубот.

Тој вели дека во Манчестер Јунајтед постоеле петмина играчи кои биле задолжени со одржување на атмосферата и дисциплината во соблекувалната. Поточно, нивната задача била да го одржуваат балансот помеѓу различните карактери во соблекувалната и на теренот, како и да го зајакнат клупскиот идентитет.

„Сер Алекс не мораше да се грижи за атмосферата во соблекувалната, бидејќи ние ги имавме работите под контрола. Играчите како Рајан Гигс, Гери Невил, Пол Сколс и Рио Фердинанд имаа долг стаж во Јунајтед а јас, заедно со нив, се грижев за сѐ да се одвива во најдобар ред“, изјави Вејн Руни.

Коментарите на Руни доаѓаат во време кога медиумите пренесуваат дека односите во соблекувалната на Манчестер Јунајтед се во многу лоша состојба. Пол Погба од поодамна не е во добри односи со тренерот Жозе Мурињо, а последните гласини велат дека Алексис Санчез побарал да си замине од клубот.

Викендов Манчестер Јунајтед оди на гостување во Лондон, каде ќе се сретне со Челзи, кој во моментов е лидер на табелата во Премиер лигата. Во случај на пораз, Жозе Мурињо може да почне да си ги пакува куферите за заминување од Олд Трафорд.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Фудбал

Ел Класико се сели во САД

Read more

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Read more

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Read more

Јирген Клоп: Извинете

Read more
 

Спорт

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе