Велешанец изгоре во пожар во сопствената куќа

Педесет и осумгодишен велешанец изгоре синоќа во сопствениот дом на улицата „Коле Цветков“ кај Црна Џамија, потврди за МИА портпаролот од СВР Велес, Ристе Самарџиев.

Од Службата за итна помош, пак, додаваат дека во домот на изгорениот велешанец бил и неговиот брат, која бил затруен со јаглерод моноксид, но бил спасен со нивна брза интервенција.

– Беше спречена поголема трагедија бидејќи неговиот 60-годишен брат беше затруен со јаглероден моноксид, но со Брзата интервенција на Службата за итна помош тој бил реанимиран и препратен на Интерно одделение при Општа болница Велес, информира за МИА д-р Тања Мишева од службата за Итна помош.

Како што појасни таа, кај изгорениот во пожарот, 58-годишниот М.Ц, на местото на настанот смрт констатирал дежурниот лекар доктор Жарко Манасков.

Од ТППЕ Велес информираат дека тие пријава за пожар добиле во 3:55 часот по што интервенирале со шест пожарникари и две возила и успеале пожарот да го изгаснат утрово околу 5:00 часот.
 
Инаку, полицијата на увид била повикана во 4:27 часот. Екипи на СВР Велес од крим-техника и јавен обвинител направиле увид на настанот со цел да се утврдат причините на пожарот.

Тагови
реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Хроника

Во сообраќајката на Водњанска во Скопје со повреди завршија 7 лица

Read more

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Read more

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Read more

Екстрадиран Бесим Красниќи

Read more
 

Вести

Како иранскиот претседател го доби прекарот „Касапот од Техеран“?

Читај повеќе

Волстрит достигна рекордни нивоа

Читај повеќе

Што би се случило со Германија доколку излезе од ЕУ?

Читај повеќе

Граничните процедури по Брегзит ќе ја чинат Британија 6 милијарди долари

Читај повеќе
  • play_arrow

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Читај повеќе

Обвинителката собра докази против тројцата осомничени за убиството на Вања и Панче, за Палчо истрагата трае

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Читај повеќе

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Читај повеќе

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Читај повеќе