Велешанка пријавила дека вчера попладне била нападната, однесена во куќа во Трубарево и малтретирана.
Според пријавата, додека четириесет и шестгодишната жена од велешко чекала автобус на Бит Пазар, и се доближило непознато лице и ја прашал каде ќе оди.
Таа одговорила дека не се чувствува добро и дека ќе оди во село Драчево. Лицето се качило со неа во автобус и откако двајцата слегле во село Трубарево каде што живеело лицето, ја натерал да се избања, а потоа физички ја нападнал барајќи од неа да прави се што ќе и кажел. Потоа и го зел мобилниот телефон и со сила ја однел до автобуската станица во село Трубарево, по што жената го пријавила настанот.
Полицијата по кратко време привела триесет и двегодишен маж и работи на целосно расчистување на случајот.