Лондон, 29 јули 2019 (МИА) – Велика Британија ги забрзува подготовките за Брегзит без договор. Државата ќе биде подготвена за напуштање на Европската Унија со или без договор на 31октомври, изјави новиот министер за надворешни работи Доминик Раб.
Тој додаде дека „недемократскиот“ посебен механизам за Ирска треба да биде избришан од договорот.
– Сакаме добар договор со партнерите и пријателите од ЕУ, но тој треба да вклучува отфрлање на недемократскиот заштитен механизам, изјави тој за BBC.
Министри коментира вчера дека владата претпоставува дека ЕУ нема да се согласи да го промени договорот за Брегзит одобрен со поранешниот премиер Тереза Меј. Тие додадоа дека кабинетот ги интензивира подготовките за Брегзит без договор.