Венус и Бајлс: Ни дозволија да ги користиме лековите

Американската тенисерка Венус Вилијамс и гимнастичарката Симон Бајлс тврдат дека добиле дозвола од Светската анти-допинг агенција (WADA), како дел од лекарски третман да употребуваат забранети лекови.

Имињата на сестрите Вилијамс и Симон Бајлс се наоѓаат на хакираните документи кои во вторникот ги објави руската хакерска група „Fancy Bears“.

Оваа група која се бори за фер плеј во спортот, соопшти дека бројни американски спортисти, меѓу кои сестрите Серена и Венус Вилијамс и гимнастичарката Симон Бајлс, биле позитивни на допинг, но дека не биле санкционирани и дека продолжиле да се натпреваруваат.

Инаку, Бајлс, на Олимписките игри во Рио де Жанеиро беше една од најсупешните спортистки, таа освои четири златни и еден бронзен медал.

Младата гимнастичарка истакнала дека секогаш ги почитувала правилата и дека верува во спорт без допинг. Бајлс напишала дека има хиперактивно пореметување, што подразбира невозможност за концентрација, хиперактивност и непредвидливо однесување и дека има дозвола од WADA да користи лек кој инаку се наоѓа на листата на забранети.

„Поради тоа јас употребувам лекови уште од детството. Ве молам, сакам да знаете дека јас верувам во спорт без допинг, секогаш сум ги почитувала правилата и планирам така да продолжам“, напишала Бајлс на социјалните мрежи.

Венус Вилијамс, која на ОИ во Рио, освои сребрен медал во мешани двојки, рекла дека добила дозвола да користи одредени лекови „кога дошло до сериозно нарушување на нејзината здравствена состојба“, односно дека резултатите ги прегледале анонимна, независна група на лекари, кои ја одобриле терапијата.

Постарата од сестрите Вилијамс, рекла дека во 2011 година и бил дијагностициран Шегреновиот синдром, кој се карактеризира со пореметување на видот, белите дробови, нервниот систем, бубрезите, срцето, ендокриниот систем.

„Разочарана сум што приватни медицински податоци се објавени без моја дозовола. Ги почитував правилата кои ги пропишува светската анти-допинг програма. Побарав и ми беше дозволено лековите кои се наоѓаат на листата на забранети супстанци да ги користам како дел од мојата терапија“, рекла Венус Вилиајмс. 

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Тенис

Надал елиминиран од Де Минор

Read more

Алкарас нема да ја брани титулата во Барселона

Read more

Ѓоковиќ одби да одговори на новинарско прашање, тајната на успехот ја чува 15 години

Read more

Медведев дивееше поради судиска одлука, па испадна од Монте Карло

Read more
 

Спорт

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе

Испаѓањето на Сити донесе нов фаворит за освојување на ЛШ

Читај повеќе

Пеп: Во кој било друг спорт ќе победевме

Читај повеќе

Судиите во Украина пред натпревар ќе одат на полиграф

Читај повеќе