Фудбал

Верона и Сасуоло нови членови на Серија А

19. мај 2013 - 12:44 | Макфакс

Верона и Сасуоло изборија пласман во Серија А, додека третиот патник ќе биде познат по одигрувањето на плејоф натпреварите каде ќе играат екипите на Ливорно, Емполи, Новара и Бреша.

Верона во последното коло одигра без голови против Емполи, додека Сасуоло со минималната победа над Ливорно, до која стигна со деветмина фудбалери, го освои првото место на табелата во Серија Б.

Во понизок ранг од Серија Б се преселија Виченца, Асколи, Про Верчели и Гросето.

Од следната сезона во Серија Б ќе настапуваат Пескара, Сиена и Палермо.

Коментирај