Кошарка

Вестбрук катастрофален во поразот на Оклахома од шампионите на НБА

17. март 2019 - 9:48 | МИА/КАЈГАНА

Стеф Кари постигна 33 поени, а Голден Стејт не им остави шанса на Оклахома Сити, остварувајќи победа со 110:88 како гостин.

„Воините“ беа повторно без Кевин Дурант, кој е со повреда во глуждот.

Во однос на играта сепак, недостатокот на крилото не влијаеше, бидејќи шампионите презедоа контролата врз натпреварот уште од почетокот. Тие се повлекоа со 40:27 по првата четвртина, а на пауза резултато веќе беше 64:46.

Домаќините имаа лоша вечер во однос на шутот, со само 32% стапка на успех, што е најниска во сезоната. Расел Вестбрук постигна само 7 поени при шут од игра 2/16, па така немаше начин како домаќините да стигнат до победата.

Клеј Томпсон помогна со 23 поени, а ДеМаркус Казнс се истакна со 12 поени, 8 скокови и 6 асистенции.

Со биланс 47-21, Голден Стејт останува лидер на Запад, а Тандерси се 5-ти со 42-28. Тимот сепак има 8 порази во последните 12 натпревари.

Останатите резултати:

Бостон – Атланта 129: 120

Вашингтон – Мемфис 135: 128

Њу Орлеанс – Феникс 136: 138

Далас – Кливленд 121: 116

Сан Антонио – Портланд 108: 103

Јута – Бруклин 114: 98

Денвер – Индијана 102: 100.

Коментирај