Денеска ќе дува умерен северен ветер, особено низ Повардарието. Потоа до крајот на работната недела ќе преовладува сончево време со мала локална облачност и слаб до умерен ветер претежно од западен правец.
Утринските температури на места ќе бидат негативни, а потоа под влијание на топла воздушна маса ќе бидат во покачување, а исто така и дневните.
Утринските температури ќе се движат од -3 до 3 степени, додека дневните ќе бидат во интервал од 1 до 11 степени.
Во Скопје и околината слично време со утринска температура од 1 до 8 степени.