Вежбајте дома: 10 вежби за почетници
Никогаш не е доцна да почнете со вежбање, дури и ако никогаш не сте вежбале во животот и немате влезено во теретана, а последен пат трчавте на час по физичко во средно.
Тоа не треба да ве обесхрабри, и најдолгиот пат почнува со првиот чекор. Ако не се чувствувате доволно подготвени да одите во теретана, почнете да вежбате сами, во удобноста и приватноста на вашиот дом.
Тренингот прикажан во видеото е одличен за почетници, бидејќи не бара некоја посебна физичка подготвеност, а притоа е многу ефективен. Покрај тоа, нема да ви бидат потребни никакви реквизити или справи бидејќи сите вежби се извршуваат само со помош на вашето тело и неговата тежина.