Вежбајте дома: Јога за почетници
Ако веќе некое време размислувате да почнете да вежбате јога, но не сакате да вежбате во група или немате време да одите на часови со фиксен термин, не заборавајте дека најважно е да имате волја.
Затоа искористете ја предноста на современата технологија и вежбајте дома, со ова инструкциско видео за почетници на инструкторката Едриен.
Јогата ослободува од стрес, ви ја подобрува концентрацијата и со помош на правилното дишење ќе ги победите сите негативни мисли и ќе се чувствувате позитивно.
Потребни ви се околу 2 квадратни метри простор, простирка, удобна облека за вежбање и секако, позитивен став.