Вежбајте евтино: Како да ослабете без да трошите пари?

Заборавете на скапите теретани, апчињата за слабеење и справите за вежбање – постои начин да ослабете без да трошите пари. Од најдобрите вежби, преку бесплатни часови па сѐ до смартфон апликации за вежбање, сѐ што ви е потребно за да вежбате по минимална цена.

Обично луѓето велат дека за да ослабете ви требаат пари за скапи препарати, членарини во тератана и справи за вежбање во вашиот дом. Баш напротив, потребна ви е само волја.

Вежбајте дома

Живееме во модерно време кога на интернет може да се најде сѐ што ви е потребно. Истото важи и за часови за вежбање. На YouTube можете да најдете огромен број видеа со тренинг рутини за слабеење, обликување на телото и одржување на кондицијата.

Трчањето е исто така вежба

Ако мислите дека домашната атмосфера нема доволно да ве мотивира, излезете надвор и трчајте. Почнете со покривање мали дистанци и постепено зголемувајте ја дистанцата, додека не стигнете до врвот на вашите можности. Препорачуваме да го правите тоа барем двапати неделно, за да го одржите вашето тело во форма.

Надворешни теретани

Во последните неколку години почнаа да се градат надворешни мини-теретани, односно места на кои се поставени различни справи за вежбање. Наместо да одите во теретана каде ќе мора да платите, можете да ги искористите овие теретани. На тој начин ќе излезете од дома, а тоа сигурно ќе ве мотивира да вежбате.

Спорт

Доколку сте добри во некој спорт, тогаш спортувајте. Доколку не сте добри, пак спортувајте. Бидејќи само со вежба се станува подобар. Спортот е одличен мотиватор за вежба и посебно е корисен поради тоа што се раздвижуваат повеќе мускули одеднаш.

Апликации за вежбање

Во време кога смартфоните се незаменлив дел од сечиј живот, направете го нивното присуство корисно со тоа што ќе инсталирате некоја од апликациите за вежбање. Ние ја препорачуваме 8 Minute Workout, која е достапна на Android преку Google Play Store. Таа содржи рутини и вежби кои можете да ги правите во вашиот дом и кои се брзи и многу ефективни.

реклама

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Фит

5 намирници што треба да престанете да ги јадете ако сакате да го намалите стомакот до лето

Read more

Кои вежби најдобро влијаат на крвниот притисок?

Read more

Водич за слабеење за луѓе кои немаат време

Read more

Војничка диета - ќе видите резултати за три дена

Read more
 

Магазин

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Читај повеќе

Историски заблуди

Читај повеќе

5 совети како да го разгорите повторно вашиот сексуален живот

Читај повеќе

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Читај повеќе
  • filter

Најскапите намирници во светот: Треба да потрошите вистинско богатство за нив

Читај повеќе

Рецепт на денот: Јагнешки бут зачинет на грчки начин

Читај повеќе

Зошто никогаш не треба да го резервирате седиштето 11А во авион?

Читај повеќе

Пет причини зошто треба почесто да јадете тиквички

Читај повеќе

5 причини зошто треба да го ограничите времето што децата го поминуваат пред екрани

Читај повеќе