Фит

Вежби кои ќе ви помогнат да заспиете полесно

30. октомври 2019 - 20:01 | М.С.

Колку и да сте уморни, понекогаш не можете да заспиете веднаш. Погледнете ги овие четири вежби кои ќе ви помогнат да заспиете полесно.

Кренати раце и нозе

Легнете на грбот и држете ги рацете и нозете исправено. Останете во таа положба 60 секунди. Потоа, протресете ги рацете и нозете истовремено околу 30-40 секунди за да почувствувате како крвта ви струи низ телото.

Со оваа вежба ќе се опуштите, ќе се ослободите од токсините и ќе заспиете полесно.

Наслонета положба

Седнете на колената и со задникот наслонете се на петите, `рбетот мора да ви биде лесно наместен наназад, а дланките на подот зад вас. Полека свиткајте го телото наназад додека да го допрете подот. Доколку не можете да легнете во целост, држете рамнотежа со лактовите. Во оваа положба останете 30 до 60 секунди. 

Оваа вежба го ублажува уморот во нозете, го намалува притисокот и помага против несоница.

Вежба „риба“

Легнете на подот и испружете ги нозете. Рацете ставете ги под зaдникот и наслонете се на лактот. Кренете го горниот дел од телото. Опуштете го вратот и спуштајте ја главата пополека, внимавајќи да не го допрете подот. Останете во оваа положба 30 до 60 секунди. Оваа вежба ќе ви помогне против хроничниот умор и ќе заспиете подобро.

Позиција „среќно бебе“

Легнете на грбот и повлечете ги колената кон градите. Со десната рака држете го десното стапало, истото важи и за левата страна. Лулајте го телото од една кон друга страна. Правете ја вежбата една до две минути. Оваа позиција ја ослободува напнатоста во долниот дел од `рбетот и ве ослободува од стресот и уморот.

Коментирај