Видал жестоко удри по Тен Хаг: Таа ќелавица врска нема, зошто го исфрли Роналдо?

Артуро Видал сѐ уште не му кажал збогум на фудбалот, бидејќи сѐ уште настапува за клубот Атлечику Паранаенси во Бразил, а често користи прилики да ги коментира актуелните случувања во европскиот фудбал, каде што долги години играше.

Тоа често го прави преку социјалните мрежи, каде е многу активен, за да ги коментира актуелните случувања во врвниот фудбал.

Пред неколку дена тој го критикуваше менаџерот на Манчестер Јунајтед Ерик тен Хаг во разговор со навивачите на платформата Twitch.

Според одличниот Чилеанец, холандскиот стручњак е главниот и одговорен проблем за кризата во која се наоѓаат „Црвените ѓаволи“.

Како прво, на Видал не му е јасно зошто Тен Хаг го избрка Кристијано Роналдо од клубот.

„Овој тренер само им нанесува штета. Како можете да го отпуштите Кристијано Роналдо? Какви луѓе се тие. Тој беше најдобар стрелец на тимот и потоа го избрка. Ваквите ќелавици се многу комплицирани“, изјави Видал.

URL

Видал од 2008 до 2022 година настапуваше во Европа играјќи за Баер Леверкузен, Јувентус, Баерн, Барселона и Интер. Потоа дојде во Фламенгу, а од јули е во Атлечику Паранаенси. Кариерата ја почна во најпознатиот чилеански клуб Коло-Коло.

Сѐ уште е репрезентативец на Чиле за чија репрезентација досега има 142 натпревара и 34 голови, последниот сега во септември против Уругвај во поразот од 3:1 во квалификациите за Мундијалот 2026.

реклама

Кружен ток не е за секој

Read more

Храна што треба да ја јадете за здрави црева и рамен стомак

Read more

Се буди вулканскиот масив на Камчатка

Read more

49 пациенти кои оделе на дијализа починале како последица од COVID-19

Read more

Фудбал

Официјално: Мбапе заминува од ПСЖ

Read more

Барела ќе стане најплатен италијански играч во Серија А

Read more

Не е крај додека Баер не даде гол: Леверкузен сезонава 11 пати се спасуваше во надополнувањето

Read more

Проблем за клупскиот мундијал на ФИФА – фудбалерите се заканија со тужба

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Ѓоковиќ погоден со шише по глава, полицијата трага по мистериозниот навивач

Читај повеќе
  • play_arrow

Денвер победи кај Минесота, Индијана славеше над Њујорк

Читај повеќе
  • play_arrow

Официјално: Мбапе заминува од ПСЖ

Читај повеќе

Барела ќе стане најплатен италијански играч во Серија А

Читај повеќе

Не е крај додека Баер не даде гол: Леверкузен сезонава 11 пати се спасуваше во надополнувањето

Читај повеќе

Проблем за клупскиот мундијал на ФИФА – фудбалерите се заканија со тужба

Читај повеќе

Феникс Санс го отпушти Френк Вогел

Читај повеќе

Миовски номиниран за играч на сезоната во Шкотска

Читај повеќе
  • play_arrow

Дончиќ блесна и му донесе израмнување на Далас во серијата против Оклахома

Читај повеќе