Го викаат “господин Среќа“,рецитира мантри на јапонски сленг, а од време на време и игра степ. Запознајте го уникатниот Каншо Тагаи, 49 годишниот будистички монах/рапер/денсер.

“Кога прв пат слушнав рап музика, истата беше на англиски и не разбрав ни збор. Тогаш сфатив дека и на будистичките текстови може исто така да се гледа, затоа што повеќето луѓе не ги разбираат. Но, суштината е во тоа дека рап музиката создава добро чувство, без разлика дали ги разбирате или не зборовите“, вели Таги, објаснувајќи како одлучил да рапува молитви.
Инаку, освен со рап, Тагаи се бави и со степ танцување кое планира и јавно да го демонстрира, а потоа во план му е да се посвети на самба танцот, пренeсува Reuters.
Што и да кажеме за овој, во најмала рака, посебен човек е излишно, па затоа оставаме видеото да ви раскаже за овој мулти-талент.
И. Е. | Кајгана