
YouTube
Запознајте го Чејни Халтгрен, попознат како "Вселенскиот каубој", голтач на мечови од Австралија кој постави нов Гинисов рекорд, откако голтна 18 мечови одеднаш.
"Ова сигурно е еден од моите најголеми успеси во животот. За ова е потребно многу вежбање", вели Чејни.
Чејни, кој има 30 години, почнал да ја вежба вештината на 16-годишна возраст, а својата вештина ја усовршувал со различни методи. Една таква метода која ја користел, било растегнувањето на грлото со цевки за полевање.
Погледнете го видеото: