Викторија Бекам подготвена да се обедини со Spice Girls по повод 30-годишнината

Викторија Бекам наводно повторно ќе им се придружи на Spice Girls на турнеја што ќе ја одбележи 30-годишнината, а поп-групата дури и размислува за настап на култниот фестивал во Гластонбери.

Модната дизајнерка (49) одби да настапува со Ема Бантон, Џери Хорнер, Мелани Си и Мел Би на нивната турнеја во 2019 година, но сега медиумите дознаваат дека таа почнала да дава идеи за нивната прослава во 2024 година.

Плановите за обележување на годишнината на квинтетот вклучуваат главен настап на Гластонбери и еднократен документарен филм со досега необјавени снимки, но нема да се вратат во студио за снимање.

Извор изјави за весникот The Sun: „Во изминатите неколку години Spice Girls работеше како четворка, односно квартет, но првпат по долго време, Викторија сега влегува и е среќна што може да прослави 30 години женска моќ“.

„Нивните распореди се прилично натрупани, така што навистина е тешко да ги соберете сите во една просторија во кое било време. Но, во изминатите шест месеци имало повеќе контакти како петорка отколку кога било од Олимписките игри во 2012 година“.

„Викторија ќе наполни 50 години в година, а женскиот бенд ќе наполни 30, ова се две годишнини премногу добри за да се пропуштат“, додава изворот.

„Нема да има нова музика, а Викторија е категорична дека не сака да настапува во живо, освен за неверојатно возбудлива еднократна можност“.

„Групата беше во преговори за настап на Гластонбери и ова би било во склад со кул естетиката на Викторија. Тоа секако ќе им се допадне на сопругот Дејвид и нивните четири деца“.

„Спајсиците разговараа за документарен филм, кој ќе содржи досега невидени снимки зад сцената плус денешни интервјуа. Сите пет се подготвуваат да одбележат 30 години на ист начин и иста форма. Многу е возбудливо“.

реклама

Зачин што секојдневно го користиме го зголемува ризикот од рак на желудникот

Read more

Храна што треба да ја јадете за здрави црева и рамен стомак

Read more

Недостатокот на еден минерал може да предизвика сериозни компликации

Read more

Техника на пешачење со која се топат повеќе калории

Read more

Музика

Андријана Јаневска: По ова издание на Евровизија, донесов правилна одлука што не прифатив да ја претставувам Македонија

Read more

Koj е Немо – победникот на Евровизија

Read more

Евровизискиот трофеј го освои Швајцарија, Хрватска втора

Read more

Холандија е дисквалификувана од финалето на Евровизија

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Доделени наградите БАФТА 2024: Кои се најголемите победници?

Читај повеќе

Андријана Јаневска: По ова издание на Евровизија, донесов правилна одлука што не прифатив да ја претставувам Македонија

Читај повеќе

Koj е Немо – победникот на Евровизија

Читај повеќе
  • play_arrow

Евровизискиот трофеј го освои Швајцарија, Хрватска втора

Читај повеќе
  • play_arrow

Холандија е дисквалификувана од финалето на Евровизија

Читај повеќе

Стинг и Coldplay бараат ослободување на иранскиот рапер осуден на смрт

Читај повеќе

Пораките на келтски за Палестина не ја измамија Евровизија - Бамби морала да ги тргне

Читај повеќе
  • play_arrow

Израелската претставничка исвиркана на генералната проба на Евровизија

Читај повеќе
  • play_arrow

Ирска ги згрози евровизиските гледачи: Гледавме ли сатанистички ритуал?

Читај повеќе