Кошарка

Вил Смит стана ко-сопственик на НБА тим

20. октомври 2011 - 15:40 | Макфакс

Актерот Вил Смит стана сопственик на дел од НБА тимот Филаделфија севентисиксерс.

Заедно со сопругата Џејд Пинкет, Смит се приклучи на инвестициска група што откупи дел од акциите на клубот.

Потегот на Смит се толкува како уште еден доказ за неговата љубов спрема Филаделфија, во чиј западен дел тој израсна. Истовремено, со фактот што Смит купувањето на акциите го направи заедно со сопругата, ги запре шпекулациите за нивен развод.

Коментирај