Вилфред Бони, напаѓачот од Брегот на Слонова коска, во новата сезона ќе го носи дресот на Стоук како позајмен играч.
Бони во јануари 2015 година за сума од 35 милиони евра од Свонси се пресели во Манчестер Сити, но не покажа ниту дел од својот талент.
Во исто време Стоук работи и на трансферот на холандскиот репрезентативец Бруно Мартинс Инди од Порто.
Покрај Бони во Стоук пристигна и голманот Ли Грант, кој на „Британија“ стадионот ќе настапува шест месеци како позајмен играч од редовите на Дерби Каунти.