Објавен е првиот целосен трејлер за третиот филм во оваа франшиза, насловен „xXx: Return of Xander Cage“, во кој Вин Дизел се враќа како агентот Ксандер.
Третиот дел од популарната франшиза ја раскажува приказната за агентот
Ксандер Кејџ (Вин Дизел), кој ќе се врати од прогонство за да и помогне на владата да се справи со опасна банда чија цел е да направи деструкција и хаос во светот. Во текот на дејствието Ксандер открива заговор во кој се вмешани високи државни функционери.
Како што гледаме во трејлерот, xXx се враќа со врвна акција, каскадерски акробации и хумор.
Режијата е на Д.Ј. Карузо, а во филмот ќе ги видиме и Руби Роуз, Семјуел Л. Џексон, Нина Добрев, Дипика Падуконе, Крис Ву, Тони Колет и други. Премиерата е закажана за на 20 јануари.
Погледнете го трејлерот: