Високата зона во Аеродром без вода на –12 степени

Жителите од високата зона во Аеродром и Ново Лисиче се жалат дека на поларни температури сред зима, се без вода.

Вода снемало во неделата вечерта, а на жителите кои се јавувале во општина и во ЈП „Водовод и канализација“ да прашаат до кога нема да имаат вода, им велеле дека вода нема да има цел ден, да одат да прошетаат со децата надвор.

Граѓаните се прашуваат каде да шетаат кога надвор има 20 сантиметри снег, кој замрзна последните два дена, а од денеска почна да вее и нов. Температурите и преку ден остануваат на минус 10 Целзиусови степени.

На веб-страната на Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ стои известување од понеделникот, дека поради дефект на цевка кај Припор, вода нема да имаат високите зони во Аеродром и Лисиче, до отстранување на дефектот.

„Ве известуваме дека на ден 09.01.2017г. поради уличен дефект ф400мм на ул.„Димо Хаџи Димов“ бб (пред полициската станица Припор), прекинато водоснабдување од 2:30 часот ќе имаат корисниците од Висока зона на Аеродром и Лисиче“, стои во соопштението.

Утринава во 6 часот, дошла вода во високата зона во Ново Лисиче, но граѓанте стравуваат дека повторно може да дојде до прекин на водоснабдувањето, што во овие зимски студени денови може да предизвика само штета.

реклама

Вториот најголем град на Островот пропадна: Бирмингем продава сѐ што може

Read more

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Македонија

ПОЦ: Бесплатен паркинг во Центар за време на Велигденските празници

Read more

Левица: Државни пензионерски домови, линеарно покачување на пензиите

Read more

ВЛЕН: Влада и Бадентер да, но без ДУИ

Read more

Лимани: Судот ја прифати жалбата на ВРЕДИ за бугарскиот воз во Липково, се докажа изборниот инженеринг на ДУИ

Read more
 

Вести

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе

Избрана е новата Влада на Србија

Читај повеќе

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Читај повеќе

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Читај повеќе

САД воведоа нови санкции кон Русија

Читај повеќе

Полска и по 20 години во ЕУ не е подготвена да го воведе еврото

Читај повеќе

ПОЦ: Бесплатен паркинг во Центар за време на Велигденските празници

Читај повеќе

Левица: Државни пензионерски домови, линеарно покачување на пензиите

Читај повеќе