Рекреација

Високите температури значителна пречка на вашиот тренинг!

21. јуни 2016 - 11:05 |

Веќе почнуваме да ги чувствуваме топлите и сончеви денови што допрва ќе претстојат летово. Прекумерните температури воедно можат да претставуваат и големa пречкa за сите оние кои сакаат да спортуваат и да бидат физички активни во текот на летото. Живееме во земја за која се доста препознатливи високите температури и високиот УВ фактор и можноста за негативни импликации во извршувањето на секојдневните активности преку летниот период.

Како резултат на живеењето во област подложна на загадување на воздухот (вклучувајќи го и Скопје), можеби ќе биде подобро да се вежба, односно спортува во затворена и климатизирана просторија. Загадувањето и другите надворешни фактори на животната средина, исто така може да предизвикаат респираторни проблеми како алергии и астма.

Преголемата изложеност на сончевите зраци и екстремно високите температури за време на летото, особено за време на зголемен физички напор се штетни па дури и смртоносни. Доколку системот за регулација на телесната температура е преоптоварен, изложени сте на ризик од развој на болести поврзани со топлината. За да не се случи тоа, најдобро е да се насочите кон вежбање во доста развиените и високо опремените фитнес центри и теретани што можат да понудат високо софистицирани услови и во текот на летото кога се ограничени надворешните услови за извршување на физичките активности.

Пред да ги заврзете врвките на спортските обувки, погледнете го извештајот за временската прогноза. Доколку температурата е висока, без облачност и со висока влажност на воздухот, најдобро би било да го реализирате тренингот во поповолни услови во затворен простор со оптимална температура и климатизирани уреди каде што ќе можете беспрекорно да уживате во високо софистицираните услови и ќе можете без проблем да ги одржувате вашето тело и дух во посакуваната форма. Интензитетот, кој е нормален за умерен ден, може да биде опасен за време на интензивно топло и влажно попладне.

Мора да се внимава на следниве негативни импликации при тренинг надвор на жешки температури: дехидратација, сончеви изгореници, главоболки, отежната респирација, топлотен удар, грчење во мускулите, гадење, физичка слабост и други импликации што го отежнуваат извршувањето на физичките активности и влијаат негативно врз човечкото здравје.

Ваквите негативни импликации можат да бидат без проблем избегнати и регулирани доколку тренингот се одвива во затворена и климатизирана просторија во која на најфлексибилен начин ќе се воздигне енергијата на највисоко ниво и ќе се постигнат посакуваните резултати – согорување на калории и формирање на совршена мускулна маса.

За таа цел, фитнес центрите и воопшто сите други врвно и софистицирано опремени и затворени простории со задоволителни климатизирани услови се најдоброто решение за реализација на вашиот совршен тренинг во неверојатна атмосфера.

Synergy Fitness & Spa претставува одличен избор на решение во претстојните жешки летни денови кои што ги ограничуваат вашите секојдневни физички активности. Ваквиот комплекс овозможува софистицирани услови со врвна опременост и воедно ќе ја развие вашата мотивација во летниот период на максимално ниво. Исто така, просториите на Synergy Fitness & Spa обезбедуваат совршена температура за вежбање во летниот период. Единствениот во нашата држава систем за вентилација, ладење и греење во Synergy е посебен. Најважна спецификација е механичка обработка на воздухот бидејќи решетките за прием на свеж воздух се наоѓаат на кејот на реката Вардар, што овозможува дотур на чист и влажен воздух во фитнес центарот. Филтрите овозможуваат заштита од надворешна и внатрешна механичка нечистотија со што во внатрешноста нема прашина и нечистотија. Потоа доаѓа термичката обработка на воздухот, промена на интензитетот на вентилација и централниот надзор и управување така што секоја помината секунда во фитнес центарот нема да ви претставува замор или потешкотија, туку дополнително задоволство и со нетрпение ќе ги очекувате тие моменти на исполнетост и енергичност во текот на физичките активности во жешките летни денови.

Доколку сакате да си обезбедите беспрекорен тренинг преку лето посетете го еден од најдобрите фитнес и спа центри во градот, SYNERGY FITNESS & SPA

Коментирај