Вистина или лага: Пет митови за протеинот

Ако порано беше користен како додаток во исхраната на бодибилдерите, сега протеинот е најважен дел од опремата за вежбање на секој кој посетува теретана, макар да е тоа само еднаш неделно. Но, дали важноста на протеинот е преувеличена во очите на просечниот вежбач?

Постојат многу митови за протеинот, а некои одат до таму да кажат дека без протеин никој не би смеел да помисли да вежба. За конечно да дознаеме кој од овие митови е точен, а кој лажен, решивме да дозволиме тоа да ни го открие некој кој најмногу е запознат со овие работи, личниот тренер и нутриционист, Марк Грајс.

Најдобро е да се јаде протеин веднаш по вежбање

Всушност, ова е голема лага. Идеалното внесување на протеин е рамномерно во текот на денот, за да се избегне гладот, кој може да ги „убие“ мускулите. Внесувањето на протеин веднаш по вежбањето може да има корист само кон регенерација на мускулите, но тоа не значи дека не треба да консумирате протеин во текот на целиот ден.

Протеинот подолго време ве држи сити

Исто како мастите, и протеинот ги има истите својства и може подолго време да ве одржи сити, така што овој мит е вистинит. Протеинот е посебно добар ако сакате да ги намалите килограмите, па тогаш наместо масти можете да внесувате протеин, кој ќе има сличен ефект и ќе го отстрани гладот, но многу поефикасно и поздраво.

Протеинот е само за бодибилдери

Ако мислите дека не треба да внесувате протеин поради тоа што немате намера да станете бодибилдер, тогаш знајте дека грешите. Точно е дека протеинот помага да се зголеми мускулната маса, но исто така тој има клучна улога во регенерација на мускулите кај луѓе кои редовно вежбаат, па затоа е препорачливо тој да се користи дури и ако не сакате да станете голем како Двејн „The Rock“ Џонсон.

Протеинот го подобрува имунолошкиот систем

Ова е помалку познат, но сепак вистинит факт. Лошиот и слаб имунитет може да предизвика болки и помала отпорност на болести, а често е предизвикан од недостаток на протеин.

Човечкото тело може да преработи само 30 грама протеин

Честопати можете да слушнете некој „паметен вежбач“ во теретана како зборува дека оброците богати со протеини се губење на време, бидејќи човечкото тело може да преработи само 30 грама протеин во еден оброк. Ова не е вистина, бидејќи телото всушност самото се регулира и може да преработи толкава количина протеин колку што му е потребна. Ако на пример јадете оброк кој содржи 50 грама протеин, а телото чувствува дека треба да се регенерира, тогаш тоа ќе го забави процесот на преработка на храната за да ги преработи сите 50 грама.

реклама

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more

Што се случува во телото ако го одложувате мокрењето?

Read more

Ослободете се од пајаците во домот со природен лек

Read more

Фит

Редоследот по кој ја јадете храната може да ви помогне да не се здебелите

Read more

Промени во исхраната со кои ќе ослабете до лето

Read more

Најдоброто време од денот за вежбање: Го намалува ризикот од рана смрт за 61%

Read more

Зошто е поважно да одржувате кондиција, отколку да слабеете?

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Читај повеќе

Харизматични, неодоливи и вистински господа – најпосакуваните мажи во хороскопот

Читај повеќе

Захер тортата настанала непланирано, а поради богатиот вкус го освои светот

Читај повеќе
  • play_arrow

Сочни и крцкави со месеци: Трик за складирање јаболка од XVIII век

Читај повеќе

Ресторан дава бесплатно шише вино ако не зјапате во телефонот додека јадете

Читај повеќе

Зошто не треба да спиете со мокра коса?

Читај повеќе
  • filter

Мис ВИ: Се избира најубавата компјутерски генерирана жена

Читај повеќе

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Читај повеќе

Како реагира мозокот на еден час поминат во природа?

Читај повеќе