Се сеќавате ли на крвавото момченце од Алепо кое преживеа бомбардирање и стана симбол на војната во Алепо? Откриена е вистинската приказна за фотографијата која го обиколи светот.
Малиот Омран стана симбол на бруталноста на бомбардирањето на Алепо од страна на сириската војска. Но, сега, семејството на Омран за првпат проговори и откри за медиумите што всушност се случило таа ноќ во која Омран го загуби својот десетгодишен брат Али.
Откако војската на Башар ал Асад го ослободи Алепо, семејството на Омран повторно се вратило во својот дом. Таткото Мухамед Хеир Дакниш вели дека во бомбардирањето Омран бил полесно повреден, но дека неговото страдање било искористено за пропаганда, пишува Daily Mail.
„Додека го спасував семејството приврзаници на опозицијата снимаа како моето семејство излегува од домот за да ги користат фотографиите за пропаганда. Искрено ви кажувам, да знаев дека ќе се извлечам, ќе ги фотографирав луѓето кои ми се обраќаа. Никогаш претходно не сум ги видел тие организации“, вели Мухамед.
Според него, ситуацијата во Алепо се подобрува, војската ги ослободува териториите, а луѓето се враќаат во домовите.