Здравје

Виталиа со нова продавница во Skopje City Mall

29. октомври 2014 - 16:13 |

Од денес, посетителите на Skopje City Mall, ќе можат да ги набават своите омилени производи од производната палета на Виталиа, во новоотворениот киоск на Виталиа, кој се наоѓа на 0 ниво (приземје) во најголемиот трговски центар во државата.

Уникатните и здрави производи, заслужуваат уникатен простор за продажба –специјално дизајниран простор со бои од природата станува синоним за продажните места на Виталиа.

„Виталиа е повеќе од две децении присутна на пазарот, а самиот факт дека се работи за компанија која е лидер на пазарот за производство на здрава исхрана, наметнува повисоки стандарди за презентацијата на производите. Водени од овој факт, одлучивме нашиот нов продажен салон да го отвориме во Skopje City Mall. Истиот е нависитна уникатен, модерен, креиран со стил – сè со цел презентација на здравите производи на посебен начин. Ние се грижиме за културата на исхрана на граѓаните, а со ова само ја потврдуваме определбата на Виталиа која е во насока на подобрување на здравјето на граѓаните, преку креирање на оригинални и иновативни здрави производи”,  изјави Искра Ветаџокоска - Муцунска, управител и ко-сопственик на Виталиа.

Во новиот продажен киоск, купувачите можат да ги најдат сите производи од понудата на Виталиа, а секојдневно ќе имаат ексклузивна можност да ги дегустираат новитетите на оваа иновативна компанија. Отворањето на новиот продажен салон на Виталиа  ќе биде надополнето со понуди и акции, специјално создадени за оваа пригода, со цел промоција на здравата исхрана и здравиот начин  на живот. 

Коментирај