Владата еуфорична за НАТО, реално оптимистичка за преговори со ЕУ

Лондон, 5 декември 2019 (МИА) – Северна Македонија на вчерашниот самит на НАТО застана рамо до рамо, како рамноправна и речиси полноправна членка, со сите лидери на Алијансата и беше дочекана и поздравена како таква, со ветување од Мадрид за брза ратификација.

Премиерот Зоран Заев последните два дена во Лондон имал прилика да размени мислење неколку пати и со францускиот претседател, Емануел Макрон, кој во октомври го блокираше отпочнувањето на преговорите на Северна Македонија со ЕУ условувајќи го со длабока реформа на преговарачкиот процес.

Запрашан дали во разговорите со Макрон добил позитивни вести за можно одблокирање на процесот во наредните месеци, Заев порача дека верува во добри вести наскоро, но со „реалистичен“ оптимизам.

-Јас сум уверен дека следува убава одлука, убаво време за нас, не можам да споделам ништо затоа што како најголем оптимист, сега сум реалистичен оптимист. Работите се движат во позитивна насока, наше е да продолжиме да работиме, да продолжиме со реформи и се надевам дека вистинската одлука ќе биде донесена, односно историската грешка што ја направија ќе биде исправена, не сакам со тоа да делам оптимизам никако, треба да бидеме посветени да ја европеизираме Македонија со повеќе вредности и реформи а штом ќе одлучат да ни соопштат, изјави вчера премиерот Заев.

Макрон, од своја страна, се покажа многу порезервиран во однос на отворањето преговори со Северна Македонија и Албанија и одбива по секоја цена да ги одвои двете земји, сметајќи дека тоа би било „смртоносна“ грешка.

-Пред било кое ново отворање преговори многу експлицитно кажав дека сакам да се реформира процедурата, таа да биде реверзибилна и да овозможи диференцијација, да биде пополитичка и да биде придружена од фази на стратешки партнерства со соодветни инвестиции, објасни шефот на француската држава.

Тој смета дека Балканот треба целосно да биде дел од Европската Унија и дека тоа е геополитички предизвик.

-Целта кон Западниот Балкан ни е целосно да ги вкотвиме од европска страна, тоа е геополитичкиот предизвик, тоа вкотвување можеби поминува преку перспективата на зачленување за некои, но треба да бидеме јасни дека поминува преку фази на стратешки партнерства и инвестиции. Основа грешка што ја направивме колективно беше да сметаме дека нашиот единствен однос кон западниот Балкан е членството. Може во даден момент да има членство. Многумина велат отворете ја процедурата, знаеме дека нема да се зачленат пред десет години, па отвораме и никогаш нема да затвориме, смета Макрон, додавајќи дека механизмот на „автоматско“ проширување кон западниот Балкан не е „здрав“.

Тој не пропушти да ги пофали постигнувањата на Владата на Северна Македонија во однос на договорот со Грција и уставните промени, но се чини дека тоа за него не е доволно за позитивна одлука во брзо време.

-Сметам дека пристапната процедура е премногу бирократска, конфузна, не е читка, не може да се сопре и не е релевантна, вклучително за засегнатите земји. Прашајте ги Србите дали им се менува животот на секое отворање поглавје, мораме да ја реобмислиме процедурата на постратешки начин, рече Макрон.

Францускиот претседател сепак остави надеж дека до самитот ЕУ-Западен Балкан под хрватско претседателство во мај некакво поместување е можно.

-Пред било кое отворање на преговори процедурата мора да се направи пореверзибилна и се надевам дека ќе успееме тоа да го сториме пред самитот во Загреб, рече Макрон и додаде дека отворањето преговори нема да значи никаков автоматизам во однос на затворањето на тие преговори.

Тој им упати порака и на другите земји членки на ЕУ во однос на иднината на проширувањето и рече дека нема да прифати нова земја членка во ЕУ доколку претходно не се реформира процесот на консензуално одлучување и не се воведе поголема стапка на одлучување преку квалификувано мнозинство. Друг услов ќе биде земјите на ЕУ да прифатат дека не може секоја земја членка да има свој комесар во Европската Комисија, како што впрочем предвидува Лисабонскиот договор, но е одредба која сѐ уште не се применува поради тоа што голем број земји членки одбиваат да се откажат од таа „привилегија“, иако, во теорија, еврокомесарите треба да се целосно независни од земјите од кои доаѓаат, како и од политичките партии.

Според него тие што сакаат проширување треба да одговорат и на прашањата поврзани за внатрешните реформи на ЕУ, чија цел е да се поедностави процесот на одлучување и на функционирање на Унијата.

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Марула - ја сметаме за најобична салата, а лечи болести и помага при слабеење

Read more

Македонија

Ковачевски: СДСМ ќе ја внесе Северна Македонија во ЕУ и ќе ги зачува вредностите на ЕУ дома

Read more

ГРОМ, Интегра и ПЦЕР се здружија: Коалицијата Храбро за Македонија нема да поддржи уставни промени ниту пред, ниту по изборите

Read more

Почна реконструкцијата на стариот пешачки мост на Вардар

Read more

Приватните специјализанти на протест пред Министерството за здравство

Read more
 

Вести

Странските компании загубија 107 милијарди долари со повлекувањето од Русија

Читај повеќе

Пет сценарија како Франција може да се вмеша во војната во Украина

Читај повеќе

Трет ден се трага по Данка, се проверуваат телефоните на родителите

Читај повеќе

Раст на Волстрит по три дена пад

Читај повеќе

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се глупост

Читај повеќе

Италија има план како да ја сотре мафијата – Коза ностра прва на нишан

Читај повеќе

Ковачевски: СДСМ ќе ја внесе Северна Македонија во ЕУ и ќе ги зачува вредностите на ЕУ дома

Читај повеќе

ГРОМ, Интегра и ПЦЕР се здружија: Коалицијата Храбро за Македонија нема да поддржи уставни промени ниту пред, ниту по изборите

Читај повеќе
  • play_arrow

Објавено аудио за херојот од Балтимор: Веднаш блокирајте го сообраќајот на мостот

Читај повеќе