Владата го овласти Заев да ги креира политиките во Министерството за финансии

Скопје, 5 јули 2019 (МИА) – Владата донесе заклучок премиерот Зоран Заев да може да ги насочува дејсвата во областа на финансиите и финаиските политики, како и заклучок заменичката на министерот за финансии Ширет Елези да ги преземе овластувања и одговорности за раководењето со ова Министерство.

Ваквите заклучоци, како што информираше на денешната прес-конференција владиниот портпарол Муамет Хоџа, членовите на Владата ги донеле на вчерашната седница.

„На оваа седница беа донесени два заклучока. Првиот дека претседателот на Владата ги насочува дејствата на Владата во работите од областа на финансиите и финансиката политика и спроведување на програмските определби на Владата, согласно член 11 став 1 и став 2 и член 35 став 1 од Законот за Владата на Република Македонија. Вториот заклучок на Владата е дека констатира оти се настапени условите по член 48 став 2 од Законот за организација и работа на органите на државата управа согласно кои заменикот министер за финансии ги презема сите овластувања и одговорности за раководењето на министерството за финансии“, рече Хоџа.

Членот 11 од Законот за Владата предвидува дека премиерот раководи со работата со Владата, одговорен е за нејзината работа и остварува соработка со другите органи. Вториот став, пак, вели дека тој го насочува дејствувањето на Владата во целина и нејзините членови во согласност со програмските определби и насоките што таа ги утврдува. Во членот 35 од истиот Закон, пак, се вели дека за извршување на законите, Владата донесува уредби со законска сила, уредби, одлуки, упатства, програми, решенија и заклучоци.

Согласно Законот за организација и работа на органите на државата управа, заменикот го заменува министерот во случај кога тој е отсутен или кога поради болест или други причини не е во можност да ја врши својата функција.

Поранешниот министер за финансии Драган Тевдовски беше сменет при неодамнешната реконструкција на Владата. Премиерот тогаш најави дека истовремено ќе ја извршува и оваа министерка функција, но потоа се повлече поради ставот на ДКСК за судир на интереси. Потоа најави дека ова овластување што го доби од Владата ќе го користи привремено до избор на нов министер за финансии.

На денешната прес-конференција владиниот портпарол беше прашан зошто Владата реагирала со соопштение за случајот со пејачката Тамара која на прославата во Американската амбасада погрешно ја испеа македонската химна. Тој кусо одговори дека од Владата не испратиле соопштение самоиницијативно, туку тоа го направиле само до оние медиуми кои побарале став од Владата за ова прашање. Претходно, за настанот се извини пејачката Тамара со оправдување за ненамерна грешка, а тоа го направи и Амбасадата на САД.

реклама

Македонија

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Read more

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Read more

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Read more

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе