Власта и опозицијата без договор за лидерска средба

Скопје, 14 јули 2019 (МИА) – Власта и опозицијата се без договор за Законот за јавното обвинителство, за пописот и за Изборниот законик. Додека премиерот Зоран Заев изрази очекување дека во скоро време ќе биде договорена средба, лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски со став дека нема амбиент во државата за да функционира политичкиот дијалог меѓу позицијата и опозицијата.

Засега нема договор за лидерска средба со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за трите теми – Специјалното јавно обвинителство, пописот и Изборниот законик, изјави во петокот премиерот Зоран Заев, посочувајќи дека нивните кабинети се во контакт и очекува дека во скоро време ќе биде договорена средба.

„Опозицијата или другите партиципиенти ако имаат и други теми јас сум на располагање да разговарам, но ова се пресериозни теми на кои час поскоро треба да седнеме и да разговараме“, рече Заев одговарајќи на новинарско прашање по посетата на археолошкиот локалитет Стоби.

Во однос на Изборниот законик премиерот Заев, рече дека ставот на СДСМ е дека за нив како партија е прифатлива една изборна единица, отворените листи, се што ќе значи демократизација, се што ќе значи стручна експертиза за возможност во државата.

„Подготвени сме да го направиме чекорот. Верувам дека и другите политички партии ќе бидат подготвени да направиме еден исчекор кон демократизацијата во изборните процеси во Република Северна Македонија“, рече Заев.

Од друга страна, лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ во интервју за Алсат М, кажа дека ова што се случува во државата мора да заврши со предвремени парламентарни избори.

„Апелирам за разум, да се седне и да се повикаат пратеничките групи и да се организираат предвремени парламентарни избори. Граѓаните нека одлучат дали овие политики на политичари ќе ја добијат поддршката или ќе дојде некоја нова генерација на политичари“, изјави Мицкоски.

Прашан дали се можни протести и порадикални мерки, Мицкоски, рече дека секогаш организирање на мирни протести се опција за било која опозиција, без разлика дали во таа опозиција ќе биде само ВМРО-ДПМНЕ или и останатите опозициони партии.

За тоа дали е можен договор за Законот за јавно обвинителство, Мицкоски, рече дека нема амбиент во државата за да функционира политичкиот дијалог меѓу позицијата и опозицијата.

„Во овие услови вакви, какви што се. Под политички прогон и терор, конструирани обвиненија, нарачани пресуди и прогонот што се прави врз ВМРО-ДПМНЕ, врз сегашни и поранешни функционери, едноставно нема амбиент. Не е само законот за ЈО на маса, сега на маса треба да се најде и темата кога предвремени парламентарни избори“, изјави Мицкоски.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Македонија

Нема да има работни саботи за учениците, МОН донесе нова одлука

Read more

ССМ повика на првомајски протест со барања до новата влада

Read more

УЈП: До 26 април продолжен рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите

Read more

ДИК објави упатство за гласање на претседателските избори

Read more
 

Вести

Нема да има работни саботи за учениците, МОН донесе нова одлука

Читај повеќе

Уапсен ученик во основно училиште во Влае: Кршел инвентар, физички нападнал соученици и двајца наставници

Читај повеќе

Москва: Западот им го прави на Украинците она што им беше направено на домородните Американци

Читај повеќе

Мотоциклист удрил во пешак на Партизанска, двајцата повредени

Читај повеќе

ССМ повика на првомајски протест со барања до новата влада

Читај повеќе

Европскиот парламент одобри визна либерализација за Србите од Косово

Читај повеќе

УЈП: До 26 април продолжен рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите

Читај повеќе

Фон дер Лајен: ЕУ мора да почне да користи приватен капитал

Читај повеќе

ДИК објави упатство за гласање на претседателските избори

Читај повеќе