ВМРО-ДПМНЕ: Правото на протест е уставно загарантирано

„Правото на протест е загарантирано со Уставот, кој во членот 21 вели дека граѓаните имаат право мирно да се собираат и да изразуваат јавен протест, а „заканите од страна СЈО упатени по одржаниот протест се уште еден чин кој се коси со највисокиот правен акт“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„ВМРО-ДПМНЕ го разбира и поддржува револтот на охриѓани против политичката хајка која по нарачка ја спроведува селективното јавно обвинителство. СЈО е срам за правосудниот систем. Повикувањето на околу 200 лица само заради тоа што се членови на една политичка партија не е ништо друго туку дискриминација по политичка и идеолошка основа“, се вели во соопштението.

Од партијата, чии членови денеска протестираа пред просториите на полицијата во Охрид, сметаат дека СЈО аболира криминалци како Заев и Верушевски, а им се заканува на чесни луѓе чиј единствен грев е нивната политичко-идеолошка определба и тоа што одлучиле да донираат за сопствената партија.

„СЈО мора да почне да работи законски. Наместо да продолжува со заканите кон граѓаните, СЈО мора да истражи кој ја нарушува тајноста на истражната и предистражната постапка, постојано лиферувајќи информации по порталите под контрола на СДСМ/Сорос во врска со лицата кои се покануваат на распит“, се додава во соопштението.

реклама

Македонија

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Read more

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Read more

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Read more

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе