ВМРО-ДПМНЕ: Заев соработува со Села, човек кој не го признава македонскиот идентитет

Зоран Заев си поигрува со националните и државните интереси, разбираме дека е уценет поради криминалите во кои е до гуша заглавен, но тоа не го оправдува неговото неодговорно однесување, па поради тоа граѓаните го изразуваат својот револт секој ден се погласно и погласно, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

 „Впрочем граѓаните кои го дадоа својот глас за наводниот план за живот, а добија план за редефинирање на државата се најразочарани. Последното кое граѓаните можеа да го видат од Зоран Заев е неговата соработка со Зијадин Села, човекот кој македонскиот народ го множи со нула, кој не признава македонски идентитет, кој не ја почитува македонската химна и македонското знаме“, велат од партијата.

 „Зарем со овој човек Зоран Заев е подготвен да коалицира само за да се добере до власт. Зоран Заев покажува дека не само што е подготвен да прифати Тиранска Платформа и да води диктирана тиранска влада, туку е подготвен да го моли за потписи и човекот кој отворено кажува дека македонскиот народ не постои“, додават од ВМРО-ДПМНЕ.

 „Ете до каде е подготвен Заев само за да дојде до власт и така да се спаси од судските постапки кои се водат против него, да ги забошоти скандалите со ‘Цареви Кули’, ‘Едно евро за Вицето’, случајот со ‘Струмица гас’ и редица други криминогени постапки. Ова на Заев му е поважно отколку знамето, името, грбот, химната и јазикот во Македонија. Затоа граѓаните оправдано стравуваат дека Македонија е на прагот да биде разнебитена“, порачуваат од партијата.

 „Излезот од ова се две решенија. Или Заев јавно да се откаже од Тиранската Платформа и намерата да води тиранска Влада и да ја прифати понудата на ВМРО-ДПМНЕ да добие поддршка за малцинска Влада или второто, да излезе повторно на соочување со народот, па ако сака нека ја искористи Тиранската Платформа како основа на својата партиска изборна програма, која граѓаните ќе може јасно да ја прифатат или отфрлат. Само така граѓаните ќе знаат дека не се изборно измамени од страна на СДСМ и Зоран Заев. Зоран Заев и СДСМ треба да го чујат гласот на народот“, заклучуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Грција воведува шестдневна работна недела

Read more

Македонија

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Read more

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Read more

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Read more

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија –бојкот на избори или влада со ДУИ

Read more
 

Вести

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Читај повеќе

Уапсен дилер од Штип, пронајдена дрога и голема сума пари

Читај повеќе

27 април 1952, роден е Горан Стефановски

Читај повеќе

Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка

Читај повеќе

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Читај повеќе

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија –бојкот на избори или влада со ДУИ

Читај повеќе

Променливо време со температури до 23°C, затоплување од понеделник

Читај повеќе

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Читај повеќе