Внимателно се тргува на берзите, страв од ескалација на конфликтот меѓу Израел и Хамас

На Волстрит се тргува внимателно бидејќи инвеститорите не се склони кон поризични инвестиции поради конфликтот на Блискиот Исток, како и претстојните извештаи кои би можеле значително да влијаат на насоката на пазарот.

Dow Jones загуби 0,58 отсто, на 32.936 поени, додека S&P 500 се лизна за 0,17 отсто, на 4.217 поени. Индексот Nasdaq зајакна, пак, за 0,27 отсто, на 13.018 поени.

Инвеститорите не се склони кон поризични инвестиции бидејќи стравуваат од ескалација на конфликтот меѓу Израел и Хамас.

Тие, исто така, се внимателни дека американската централна банка би можела уште еднаш да ги зголеми клучните каматни стапки, имајќи предвид дека инфлацијата во САД продолжува да биде далеку над целните нивоа на ФЕД.

Сепак, приносите на американските државни обврзници се зголемени во последните месеци, што влијае на голем број каматни стапки на заемите, па аналитичарите сметаат дека ФЕД нема причина дополнително да ги зголемува клучните каматни стапки.

Но, минатата недела претседателот на ФЕД, Џером Пауел, ја остави просторот отворена за уште едно зголемување на каматните стапки до крајот на годината.

Дури и да нема зголемување на каматните стапки, се појасно е дека тие ќе останат покачени подолг период од очекуваното.

„Сè уште е најважна приказната за интересот. Откако сфати дека каматните стапки ќе останат покачени подолго отколку што се мислеше, пазарот сега се обидува да измери колку долго каматните стапки ќе останат покачени. Јасно е дека пазарот ја прифати идејата дека ФЕД нема да ги намали каматните стапки во скоро време“, рече Оливер Пурше, потпретседател во Wealthspire Advisors.

Оваа недела инвеститорите ќе се фокусираат на извештајот за бруто домашниот производ (БДП) на САД, како и на податоците за инфлацијата.

Предвидено е и објавување на кварталните деловни резултати на голем број технолошки гиганти како Microsoft, Alphabet, Amazon и Meta Platforms.

Цените на акциите на овие компании силно пораснаа оваа година, па S&P 500 и Nasdaq индексот се во голем плус од почетокот на годината.

Затоа, инвеститорите се надеваат дека кварталните резултати на овие технолошки гиганти ќе го оправдаат толку силно зголемување на цените на нивните акции.

Внимателно вчера се тргуваше и на европските берзи. Лондонскиот FTSE индекс ослабе за 0,37 отсто, на 7.374 поени, додека франкфуртски DAX зајакна 0,02 отсто, на 14.800 поени, а париски CAC 0,50 отсто, на 6.850 поени.

Тагови
реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Бизнис

Европските инвеститори претпазливи, индексите благо паѓаат

Read more

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Read more

Ворен Бафет конечно откри во што инвестирал милијарди долари

Read more

Втора Т Бизнис конференција на Македонски Телеком

Read more
 

Вести

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Читај повеќе

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Читај повеќе

Во сообраќајката на Водњанска во Скопје со повреди завршија 7 лица

Читај повеќе

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Читај повеќе

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Читај повеќе

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Читај повеќе

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Читај повеќе

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе