Внук го убил својот дедо заради имот

Внук го убил својот дедо во битолското село Пласница затоа што дедото не сакал да му го остави имотот.

Како што соопшти СВР Битола, поднесена е кривична пријава против А.Ш. (21) и А.Н. (20) и двајцата од село Пласница поради постоење основано сомнение дека сториле кривично дело „убиство“ .

Пријавените се сомничат дека на 11.10 2014 година во периодот меѓу 20:30 - 22:30 часот го нападнале и убиле 71 годишниот Риза А. исто така од Пласница. Имено, пријавените се познавале со жртвата, А.Ш бил негов внук од син и живеел во истата куќа со Риза А. а и второпријавениот А.Н. честопати доаѓал во домот на жрвата.

Според документираните сознанија од истрагата мотивот за извршување на кривичното дело произлегол од разговорите што ги слушнал првопријавениот од жртвата кој во повеќе наврати изјавувал дека имал намера да се ожени со жена од Р. Албанија, а целокупниот имот ќе го подарел на идната сопруга. 

Така, на 11.10.2014 год. околу 20:30 часот пријавените се сретнале пред продавницата во с. Пласница, каде првопријавениот му предложил на второпријавениот да му помогне за да извршат убиство врз неговиот дедо Риза А. појаснувајќи му го мотивот за убиството. Второпријавениот го прифатил предлогот и веднаш по договорот се упатиле кон куќата на жртвата. Од помошниот објект-плевна во дворот на имотот А.Ш. земал еден копач, додека А.Н зел дрвена рачка од секира и потоа од терасата преку терасната врата влегле во внатрешноста на куќата. Откако утврдиле дека жртвата е во кујната на долниот дел (приземјето) од куќата, А.Ш. од горниот спрат, од една од собите зел две женски марами со кои се  маскирале за да не бидат препознати.

Потоа по внатрешните скали се симнале на приземјето и се поставиле во претсобјето, лево и десно од вратата на кујната, со намера да ја сочекаат жртвата. По кратко време од кујната излегол Риза А. кој во рацете носел послужавник со филџани и други работи и во истиот момент А.Н  со рачката од секирата замавнал према оштетениот и го удрил во слепочницата. Од ударот на жртвата му паднал послужавникот, по што почнал да се брани и успеал да му ја земе рачката од секирата. Додека жртвата се борел со А.Н. од зади му пришол А.Ш и со копачот го удрил во грбот. Жртвата била совладана и после неколку удари со посочените орудиј Риза А. починал на местото на настанот. 

Пријавените потоа ја заклучиле влезната врата од внатрешна страна со клучот кој бил во бравата, се качиле на спратот, отишле во собата која ја користел Риза А, побарале пари но не успеале да најдат и повторно преку терасата слегле во дворот, а со себе ги зеле и предмети со кои го извршиле кривичното дело. Преку нивите се упатиле кон реката Треска на место викано „Шаварите“, каде ги фрлиле предметите во реката.

По низата мерки и активности во рамки на истрагата завчера пријавените се приведени во  ПС ОН Македонски Брод, при што во целост го признале и појасниле кривично дело. Од страна на судија на претходна постапка на двајцата им е одредена мерка притвор во траење од по 30 дена. 

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Хроника

Украле сеф од менувачница во Чаир и побегнале со возило без таблички

Read more

Маж ја нападнал поранешната сопруга на работното место, па ѝ се заканувал со нож

Read more

Доживотен затвор за маж кој на свиреп начин уби жена во Кочани

Read more

Кучиња скитници искасаа три лица во Скопје

Read more
 

Вести

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот, рече Пендаровски во Виница

Читај повеќе

Tesla отпушта 300 работници во фабриката кај Берлин

Читај повеќе

Променливо облачно и посвежо време, температури до 18°C

Читај повеќе

Ванковска: Ние трчаме маратон, нас не нè задоволува фотелја и позиција, ние имаме кауза

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицкоски: „Платформа 1198″ е светилник на надежта, најдобрата изборна програма досега

Читај повеќе

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Читај повеќе