Во Австрија стартуваше Шампионат во трки со дронови
Во Австрија стартуваше лига во трки со дронови. На првата трка околу замок со пречки која траеше две ноќи, учествуваа 40 натпреварувачи. За трката да биде поинтересна, дроновите се опремени со камери кои гледаат во темница, а пилотите носат очила кои им овозможуваат поглед од камерата на леталото. Победи пилотот Лук Банистер од Британија, втор беше Јан Митнер од Чешка, а третопласиран беше Марк Хајнигер од Швајцарија.