Хроника

Во бунар во Мексико пронајдени 44 тела, спакувани во 119 вреќи

15. септември 2019 - 11:03 | МИА

Мексико Сити, 15 септември 2019 (МИА) – Форензичарите успеале да идентификуваат 44 тела, пронајдени во еден бунар во мексиканската држава Халиско, во непосредна близина на градот Гвадалахара, јавија светските агенции.

Локалните медиуми пренесуваат дека станува збор за човечки остатоци кои биле сместени во 119 црни вреќи. Телата биле откриени на почетокот на месецов кога локалните жители се пожалиле на неподносливата смрдеа што доаѓала оттаму.

Халиско е познат по најнасилните мексикански нарко картели, а ова е втора поголема гробница што е пронајдена годинава во оваа држава.

Коментирај