Во Египет откриен најстариот поплочен пат во светот, се знае и за што се користел

Во 1994 година, геолозите мапирајќи ги древните египетски каменоломи идентификуваа 12-километарски дел од варовнички и песочнични плочи што водат од еден каменолом за базалт до езерото Моерис.

Користејќи керамика пронајдена на локалитетот, најверојатно оставена од работници во каменолом, и древен работен логор, истражувачите успеале да го одредат откритието од околу 2600 до 2200 година п.н.е., што го прави најстариот познат поплочен пат во светот.

Патот се користел за транспорт на вулкански базалтен камен од каменоломите до езерото Моерис, древно езеро кое во тоа време сезонски било поврзано со Нил, што овозможувало каменот да се транспортира со брод до Гиза. Базалтот се користел за поплочување на посмртните храмови на таа локација, како и за правење кралски саркофази.

Поместувањето на овие карпи барало пат направен од варовник и песочник. Египтолозите во тоа време сугерираа дека карпите биле преместувани на санки, можеби на врвот на трупците поставени покрај самиот пат, имајќи предвид дека плочите не покажуваат знаци на жлебови или истрошеност од контакт со санки.

Овој пат, покрај тоа што е најстариот поплочен пат во светот стар околу 5.000 години, е единствениот пат за кој знаеме дека бил изграден од древните Египќани. Не е многу добро изграден пат, при што работниците веројатно користеле какви било камења што биле при рака за поставување. Во некои области, се обидуваа да направат камењата да се вклопат уредно, додека во други ги поставувале многу послучајно.

„Патот веројатно не може да се стави во ист ранг со пирамидите како инженерски подвиг, но тоа е големо инженерско достигнување. Не само што патот е порано отколку што мислевме дека е возможен, не ни помислувавме дека тие градиле патишта“, рвели ече геологот Џејмс Харел од Универзитетот во Толедо за откритието во тоа време, според LA Times.

Во светот има постари патишта, но ниту еден од нив не е поплочен. Слатката патека (Sweet Track), дрвена патека од многу раниот неолит во Сомерсет, Англија, е датирана во 3806 п.н.е. користејќи дендрохронологија или датирање со помош на години на дрвото, пишува Iflscience.com.

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Вести

Уредите на Apple наскоро ќе може да се контролираат со очи

Read more

Австралија целосно ги гаси 3G мрежите

Read more

Јапонците ќе го градат првиот брод на пелети

Read more

Минатото лето беше најжешкото во последните 2.000 години

Read more
 

Гик

Откриен мистериозен подземен влез во близина на Големата пирамида

Читај повеќе

Готово е: Од денеска само X

Читај повеќе

Голема закана за YouTube: TikTok тестира видео од 60 минути

Читај повеќе
  • play_arrow

Grand Theft Auto 6 ќе пристигне во 2025 година

Читај повеќе
  • play_arrow

ChatGPT доби надградба на која само небото ѝ е граница

Читај повеќе

Canon потврди: Доаѓа моќниот EOS R1

Читај повеќе

Приватен простор и подобaр мултитаскинг: Пристигна Android 15 Beta 2, еве што сѐ носи

Читај повеќе

Никола Тодороски: „Наша гордост. Наша одговорност“ ми отвори нова перспектива колку може позитивно да се влијае

Читај повеќе

Микробите и нивното изненадувачко влијание врз нашето социјално однесување

Читај повеќе