Во еко-акција исчистени неколку километри од кејот на Вардар

Скопје, 17 октомври 2019 (МИА) – Во најновата еко-акција, што се спроведе денеска во рамки на повеќегодишната платформа „Рециклирате ли!?“, од патеките и бреговите на двете страни на реката Вардар во скопските општини Аеродром и Гази Баба, беше собран целиот сув отпад кој понатаму ќе биде соодветно селектиран и рециклиран. За вадењето на отпадот од реката, пак, се погрижија нуркачите од спелеолошкото друштво „Врело“.

Во еко-акцијата спроведена од волонтерите на Пивара Скопје, се вклучија амбасадорите на Холандија, Обединетото Кралство и САД, Дирк Јан Коп, Рејчел Галовеј и Кејт Бернс со членови на персоналот на амбасадите, а поддршка добија и од волонтерите од СОС Детско село и Стопанската комора на северозападна Македонија. Акцијата ја поздрави и градоначалникот на Општина Гази Баба.

По повод еко–акцијата, генералниот директор на Пивара Скопје, Дан Тимотин истакна дека и оваа акција е во склоп на нивните заложби за „Свет без отпад“, а изрази задоволство што со секоја нова акција се зголемува бројот на нивните партнери кои ги делат истите вредности.

- Со ваквите волонтерски активности кои ги организираме заедно со нашите партнери, сакаме да упатиме јасна порака и апел до целата заедница дека сите треба да го преземат својот дел од одговорноста и повеќе да се ангажираат во решавањето на проблемот со загадувањето, со што ќе создадеме одржлива иднина за нас и за идните генерации, потенцираше Тимотин.

И Ико Брдаровски, директор во Пакомак, се согласи дека одговорноста и обврските за решавање на предизвиците поврзани со заштитата на животната средина треба да бидат рамномерно распределени на сите засегнати субјекти во општеството. Според него, постојат компании и субјекти кои пласираат различна амбалажа на пазарот и генерираат отпад, а не учествуваат во финансирањето на системите за негово собирање и рециклирање, ниту ѝ плаќаат на државата за тоа, со што, вели, директно го оштетуваат буџетот и животната средина.

- Ова е проблем кој мора соодветно да се адресира и да се решава, изјави Брдаровски.

Ова е четврта еко-акција спроведена во рамки на Платформата „Рециклирате ли!?“, која е наменета за подигнување на јавната свест за потребата од собирање и рециклирање на отпадот. Првата волонтерска акција се реализираше во 2016 година, а покрај чистење на кејот на реката Вардар, се чистеше и околината и водите на езерото Матка. Пакомак е специјализирана компанија за управување со отпад од пакување.

реклама

Македонија

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Read more

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Read more

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Read more

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе