Хроника

Во камион пронајдени околу 100 килограми марихуана, приведен 66-годишен маж

19. ноември 2019 - 12:58 | МИА

Скопје, 19 ноември 2019 (МИА) – Во товарно моторно возило „даф“, со бугарски национални ознаки, со приколка „тирсан“, со македонски регистарски ознаки, управувано од М.К. (66) од Јосифово, валандовско полицијата ноќеска пронајде и заплени околу 100 килограми марихуана.

 
Како што изјави портпаролот на МВР Тони Ангеловски, ноќеска околу 00:10 минути по полноќ на Граничниот премин „Табановце“, товарното визило било запрено по добиени оперативни сознанија дека пренесува опојна дрога.
 
-Одделот за криминалистичка полиција – Секторот за недозволена трговија со дроги, оружје и опасни материи – Единицата за недозволена трговија со дроги во кооординација со Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР, СВР Куманово, во содејство со царински службеници извршиле преглед и претрес на возилото, при што во дополнителен резервоар биле пронајдени 90 пакувања наркотична дрога марихуана со тежина од околу 100 килограми, еден пиштол „MAUSER“ калибар 7,65 мм, една рамка за пиштол со шест куршуми калибар 7,65 мм и еден пригушувач за пиштол.
 
Лицето било приведено и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. 
 

Коментирај