Во кој дел од денот сме најмногу расположени за секс?

Има многу фактори што влијаат врз желбата за секс кај мажите и кај жените, а сексолозите утврдија дека еден од најважните е делот од денот во кој одлучуваме да имаме секс.

Пред да тргнете во поход за заведување, видете колку е часот и „пресметајте“ дали ви се тогаш најголеми шансите за сексуално уживање.

Ова се нарекува секс-биоритам, а сексолозите предупредуваат дека не треба да се зема здраво за готово, бидејќи луѓето не се машини и е нереално да се очекува дека нивната желба за секс е математички пресметана и секогаш иста.

Мажи, ако сакате да имате сеск со партнерката од 6 до 8 часот наутро, треба да знаете дека нејзиното тело е будно, но уште не е подготвено за секс. Нивото на мелатонин е уште превисоко, а телесната температура уште не е доволно висока. Ако сакате да ја доведете во расположение за секс, почнете со нежна предигра и полека разбудете ја страста.

Мажите во овој период (од 6 до 8 наутро) се многу возбудени, па сексолозите велат дека жените во ова доба не може да очекуваат ништо повеќе од „секс на брзинка“.

Ситуацијата се менува од 8 до 10 часот, кога жената е будна и подготвена. Нивото на ендорфин расте, па не ѝ треба многу време за да се возбуди.

Меѓутоа, машкиот мозок е веќе насочен на работа, нивото на тестостерон полека се спушта и се враќа во нормала, па ќе биде малку потешко да го заинтересирате.

Сексолозите сметаат дека времето меѓу 10 и 12 часот е идеално за орален секс, бидејќи рецепторите за вкус кај жената тогаш се многу изострени.

Мажите во овој период од денот мислат на секс, но мала е веројатноста дека ќе преземат нешто за да ја реализираат помислата.

Жените се многу активни од 12 до 14 часот, но таа активност воопшто не е поврзана со секс и тешко дека ќе бидат заинтересирани за такви дејства.

Мажите се многу расположени за секс тогаш, но со оглед на тоа дека мозокот на жената е насочен на нешто друго, им преостанува само фантазирање или да се надеваат дека „ќе им се посреќи“.

Периодот од 14 до 16 часот е идеален за зачнување, па ако сакате да забремените, ова е времето кога треба да стане жешко во спалната соба. Женскиот репродуктивен систем во овој дел од денот станува најактивен, а спермата на мажот е најквалитетна околу 16 часот.

Повеќето не се во најдобро расположение за водење љубов од 16 до 18 часот, но на некои не им пречи „нешто на брзинка“ ако мажот е подготвен за акција токму кога тие ќе посакаат.

Веќе од 18 до 20 часот и двата пола ги фокусираат мислите на враќање на енергијата што ја изгубиле во текот на денот, па мала е веројатноста и кај мажите и кај жените дека ќе има расположение за секс.

Сексолозите тврдат дека времето од 20 до 22 часот е идеално за лесна вечера, а потоа за разменување нежности во кревет. Жената после вечера е полна со енергија и голема е веројатноста дека ќе иницира акција, а мажите после јадење се повеќе расположени да ѝ исполнуваат желби на партнерката.

И мажите и жените имаат ист секс-ритам токму во овој период од денот.

По 22 часот веќе телото на жената паѓа во длабок сон и сексуалната желба опаѓа целосно. Мажот тогаш е многу поопуштен, но уште не е поспан. По полноќ веќе телото почнува да се одмара и да собира енергија за следниот ден исполнет со активности.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Кардиолог: Единственото нешто полошо од кафе е кафето со млеко

Read more

Љубов и секс

3 најлоши постапки што можете да ги направите ако дознаете дека партнерот ве изневерил

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Read more

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Read more
 

Магазин

Посипете маслиново масло врз ловоров лист и ќе се изненадите колку е моќен

Читај повеќе

Граѓаните на ЕУ повеќе претпочитаат печатени отколку електронски книги

Читај повеќе

3 најлоши постапки што можете да ги направите ако дознаете дека партнерот ве изневерил

Читај повеќе

Совет здравје вреден: Како да разликувате рециклиран убрус од направен од чиста целулоза?

Читај повеќе

Дали би платиле 2.000 евра за Лагото Ромањоло – куче кое наоѓа тартуфи?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

„Село на духови“ кое стана популарна туристичка атракција

Читај повеќе

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Читај повеќе

Зошто корпите за алишта имаат дупки?

Читај повеќе

Домашни природни лекови против стомачни проблеми

Читај повеќе