Во куфер на аеродром во Минхен се пронајдени 1,4 милиони евра

Макфакс
/ 07.02.2024 / 10:10

На крајот на декември при безбедносна проверка на аеродромот во Минхен, цариниците во куфер пронашле вкупно 1,4 милиони евра. Како што пренесува франкфуртскиот Fenix Magazin, вработени во безбедносната компанија го прегледале куферот, што е рутинска мерка, и ги забележале банкнотите.

Компанијата за обезбедување веднаш ја известила аеродромската царина, која ги преброила парите и дошла до „неверојатно висока сума“ од 1,4 милиони евра.

„При заминување од земја надвор од ЕУ, сите суми над 10.000 евра мора да се пријават на царина“, вели портпаролот на царинската истражна канцеларија.

Човекот со куферот се обидел да се качи во авионот, но истражителите го дознале неговиот идентитет од багажот и го запреле.

На барање на јавниот обвинител, истражниот судија на окружниот суд во Ландшут наредил одземање на готовината. На мажот му биле одземени два мобилни телефони и му е одредена мерка притвор.

Истиот ден, инспекторите извршиле претрес во станот на 44-годишниот маж во областа Фурстенфелдрук. Таму нашле готовина и машина за броење пари.

реклама

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Read more

Четворица фудбалери на Сити нема да добијат медали за освојување на лигата

Read more

Нови цени на дизелот и бензините од полноќ

Read more

Детали од свадбата што откриваат дека бракот нема да трае долго

Read more

Свет

Имамот бил жив еден час по падот на хеликоптерот: Се обидувал да го спаси претседателот на Иран

Read more

Како иранскиот претседател го доби прекарот Касапот од Техеран?

Read more

Што би се случило со Германија доколку излезе од ЕУ?

Read more

Граничните процедури по Брегзит ќе ја чинат Британија 6 милијарди долари

Read more
 

Вести

Светската цена на златото повторно на рекордно високо ниво

Читај повеќе

Креативна работилница за средношколци за пишување поезија

Читај повеќе
  • play_arrow

Имамот бил жив еден час по падот на хеликоптерот: Се обидувал да го спаси претседателот на Иран

Читај повеќе

Велосипедист прегазен на Средно Водно

Читај повеќе

Нови цени на дизелот и бензините од полноќ

Читај повеќе

Таткото на осомничениот за убиството на Данка излегува од притвор

Читај повеќе

Не наседнувајте на лажни пораки за парична помош од државата

Читај повеќе

Комисијата на ЕУ ги повика Скопје и Атина да се држат до Преспанскиот договор

Читај повеќе

Кумановец загинал откако возилото во кое патувал излетало од патот

Читај повеќе