Во Мајами два дена се слави за смртта на Фидел Кастро

Песна и танц на улиците на Мајами, Флорида во САД, продолжија и во недела наутро, откако пред два дена Кубанците излегоа на улиците да ја прослават смртта на 90-годишниот Фидел Кастро.

Во САД живеат речиси два милиони Кубанци, а 70 отсто од нив на Флорида или поточно во Мајами.

„Не сум уморна од славење затоа што не можам да верувам, не мислев дека овој момент ќе дојде“, вели жена по име Делси, која славеше пред кафулето „Версај3, местото каде Кубанците во егзил со декади се собораат да планираат како да го отфрлат режимот на Кастро.

Од сите страни се слуша трубење од автомобили, тапани, гласна музика и пеење, а Кубанците порачуваа и „Фидел, земи си го и брат ти со тебе“. Имено, Фидел Кастро замина, но по него останува неговиот брат 85-годишниот Раул кој и понатаму е на чело на Куба.

Неколку улици понатаму, популарниот салса ноќен бар Ball & Chain нуди нов пијалок со назив „ Adios Fidel”, „Збогум Фидел“. Улицата во која се наоѓа клубот е полна со кубански ресторани и кафулиња, а според една келнерка, овие две вечери има повеќе гости од обично.

Во близина на клупите седат пензионери кои разговараат за иднината на својот остров.

„Ние Кубанците сега се надеваме дека комунизмот без Фидел ќе пропадне, а ако даде Бог, ќе се вратиме во својата земја“, вели еден 65-годишен пензионер.

Голем број луѓе се собраа во сабота на миса во црквата, која е посветена на заштитничката на Куба, а која ја водеше надбискупот на Мајами, Томас Венски.

„Фидел Кастро почина Сега го очекува судот на Бога кој е милосрден, но и праведен“, рече Венски и повика на молитва за Куба и за нејзиниот народ.

На настанот присуствуваа и политичари како градоначалникот на Мајами, од кубанско потекло, Томас Регаладе, кој порача дека не смее да се критикуваат луѓето кои слават нечија смрт. „Сфатете што значи тоа за нив“.

Гувернерот на Флорида, Рик Скот им се придружи на Кубанците, кој порача дека по десетици години угнетувања, редно е народот да добие слобода.

Сенаторот на Флорида, Марко Руби, исто од кубанско потекло рече дека Кастро како зол и убиствен диктатор на својот народ му донесе беда и патење, а Куба ја претвори во „осиромашен остров-затвор“.

На славењето се придружија и славни Кубанци како Емилио Естефан, неговата сопруга Глорија Естефан.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Грција воведува шестдневна работна недела

Read more

Свет

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Read more

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Read more

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more
 

Вести

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Читај повеќе

Уапсен дилер од Штип, пронајдена дрога и голема сума пари

Читај повеќе

27 април 1952, роден е Горан Стефановски

Читај повеќе

Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка

Читај повеќе

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Читај повеќе

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија –бојкот на избори или влада со ДУИ

Читај повеќе

Променливо време со температури до 23°C, затоплување од понеделник

Читај повеќе

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Читај повеќе