Свет

Во Мексико уапсени 11 лица кои врзале градоначалник за камион и го влечеле по улици

9. октомври 2019 - 16:58 | МИА / Ф.З.

Мексико Сити, 9 октомври 2019 (МИА) – Во Мексико се уапсени 11 лица откако градоначалникот на општината Санта Рита Ел Инвернадеро, Хорхе Луис Ескандон Ернандес беше врзан за камион и влечен по улиците.

Уапсените го извлекле градоначалникот од неговата канцеларија, го врзале за камион и го влечеле низ улиците затоа што, наводно, не го исполнил предизборното ветување дека ќе ги поправи локалните патишта.

Инцидентот се случил во вторникот, а градоначалникот беше нападнат од земјоделци. Гратчето се наоша во сојузната држава Чијапас.

Ескандон Ернандес многу брзо беше ослободен од локалната полиција без да претрпи сериозни повреди. Тој најави дека ќе поднесе тужба за киднапирање и обид за убиство.

Коментирај