Во Општина Аеродром започна заловувањето на кучиња скитници

На територија на Општина Аеродром денеска започна акцијата за заловување на бездомни кучиња, организирана од тимот на јавното претпријатие „Лајка“. Целта на акцијата е кучињата да поминат хуманитарен третман.

Како што информираат од „Лајка“, со акцијата оваа недела ќе бидат опфатени селата Долно и Горно Лисиче, реонот на улицата „Тодор Чангов“ и населба Лисиче, а следната седмица таа ќе се спроведува во населбите Ново Лисиче, Јане Сандански, Стар Аеродром, Мичурин и Острово.

– Заловувачкиот тим ќе го залови секое бездомно куче што ќе го сретне во овие реони, а кое го нема поминато хуманиот третман. Доколку граѓаните од гореспоменатите населби имаат бездомно куче кое сакаат да го посочат на тимовите, нека се јават на 02 256 5859 / 071 219 925 или нека пријават на info@lajka.com.mk, соопштуваат од „Лајка“.

Од Општината информираат дека Аеродром се соочува со најголем број на пријави за инциденти со каснувања од кучиња скитници.

– Токму минатата недела, беше објавена реакција во јавноста во која потенциравме дека Општината навремено и секој месец исплаќа 100.000 денари на јавното претпријатие, за што очекуваме сериозен и зголемен ангажман за решавање на ова прашање. Ги поддржуваме сите напори за зголемување на безбедноста на граѓаните во секојдневното живеење, како и хуманиот третман на кучињата скитници. Се надеваме дека оваа акција на ЈП „Лајка“ ќе вроди со плод и овој проблем ќе биде минато во најбрз можен рок, посочуваат од Општина Аеродром.

реклама

Трагедија: Почина голманот на Црна Гора, Матија Шаркиќ

Read more

Во Германија запленет кокаин вреден една милијарда евра

Read more

Двојно убиство во Кратово: 36-годишна жена ги уби сопругот и свекорот

Read more

Преработена храна што треба да се јаде и при процесот на слабеење

Read more

Македонија

Бесплатни прегледи на бенки и промени на кожата денес во Градски парк во Скопје

Read more

Сончево и топло време со мала облачност

Read more

Само условно осудени седумте лица кои упаднаа во М-НАВ

Read more

Цената на мазутот се зголемува, бензините и дизелот остануваат непроменети

Read more
 

Вести

  • filter

На Прилеп му треба нова театарска зграда!

Читај повеќе
  • play_arrow

Израел со средновековно оружје го напаѓа Хезболах

Читај повеќе

Фолклорни игри под Шара во Тетово

Читај повеќе

Додик: Босна и Херцеговина е последната колонија во Европа

Читај повеќе

Црна дупка на театарот Антон Панов од Струмица – најдобра претстава, 7 награди за Иванов на МНТ на 58. МТФ Војдан Чернодрински

Читај повеќе

Бесплатни прегледи на бенки и промени на кожата денес во Градски парк во Скопје

Читај повеќе

Во Скопје се вози и без возачка дозвола, МВР за еден ден напиша 132 казни

Читај повеќе

Сончево и топло време со мала облачност

Читај повеќе

Само условно осудени седумте лица кои упаднаа во М-НАВ

Читај повеќе