Во петок македонска премиера на „Врба“ на Милчо Манчевски

Скопје, 30 октомври 2019 (МИА) – Шестиот игран филм „Врба“ на Милчо Манчевски ќе има македонска премиера на 1 ноември, откако ја имаше светската на 19 октомври на Филмскиот фестивал во Рим.

Официјалната премиера за домашната публика во петок ќе биде во салата на Филхармонијата од 20.30 часот, а во исто време премиери ќе има и во кината „Милениум“ и „Синеплекс“ во Скопје, како и во Битола, Охрид и Штип, со што ќе почне и редовното киноприкажување на филмот. Од 4 ноември и во Прилеп, а се организира и за другите градови во земјава.

Режисерот Милчо Манчевски и дел од екипата на филмот се задоволни од реакциите на публиката и критиката во Рим, каде што беше прикажан во официјалната селекција, заедно со новите остварувања на холивудски ѕвезди.

-Јас ова веќе доволно долго го правам за да знам кога нешто што ќе направам е стварно добро и кога не е. Ова е од тие што се стварно добри. Сѐ во процесот убаво се налепи и самиот процес беше прекрасен, првпат во моето искуство по многу години, рече Манчевски.

-Секој филм создава свој универзум, свој свет. Мислам дека гледачот го сака филмот ако успее да влезе во тој свет и ако некаде го однесе. Тој свет може да биде реалистичен и денешен, како што е дел од филмот, а може да биде средновековен или од друго минато време. Интересно е да откриваш колку биле различни, а исти луѓето од тоа време и колку тоа што ние го знаеме како историја е, всушност, некоја романтизирана фикција. Тоа е една од убавите придобивки во правењето ваков филм, рече Манчевски, кој меѓу другото, соопшти и дека за „Врба“ го истражувале и консултирале повеќе проучувачи на средниот век.

Куриозитет на филмот е што има машка (динамична) и женска (подлабока) верзија и на публиката ќе и бидат понудени двете. – Во суштина, 95 отсто се исти.  Двете функционираат на свој особен начин, иако не се разликуваат многу. Решивме од петок, кога ќе почне редовното прикажување на филмот, да ги пуштиме двете верзии. Машката верзија ќе се прикажува во „Милениум“, женската во „Синеплекс“, рече Манчевски, не откривајќи која од двете ќе биде на официјалната премиера во Филхармонијата.

Продуцентот Јане Ќортошев соопшти дека веќе има покани за фестивали кои не ги откри, во преговори се и со партнери за продажба кои ќе обезбедат дистрибуција и понатамошен живот на филмот.

За  впечатоците од светската премиера во Рим на прес-конференција зборуваа и младите актерки во филмот Наталија Теодосиева и Сара Климоска.

-Добивме многу позитивни коментари за целиот филм, а и за нашиот актерски израз. Ова ќе биде моја водилка за понатаму, а искуството на настанот во Рим ќе биде голем предизвик и лекција за мојата актерска иднина. Имавме мали обврски, стресови и трема, но сите уживавме таму, на црвениот тепих, на премиерната проекција и заслужено блескавме, рече Теодосиева.

Климоска додаде дека присуството во Рим било возбудливо, но и голем притисок во исто време, поради силната конкуренција и високите критериуми на фестивалската публика.

-Првите 15 секунди беше тишина, но за мене беа тоа 15 дена. Следуваше аплаузот и тогаш сфатив дека публиката е многу задоволна и бев горда на целата наша екипа. Кога заврши сето тоа, размислував за таа пауза и сфатив дека таа е најдрагоцена за мене зашто во таа длабока и тешка тишина публиката се соземаше од емоцијата што филмот ѝ ја даде, истакна Климоска.

Пред домашната публика очекуваат поголема трема зашто овде публиката, како што рекоа, ги познава и си има свои очекувања.

– Немам некои големи очекувања и мислам дека е така подобро. Едноставно, сакам сѐ да тече и што ќе донесе времето, нека донесе. Отворена сум за критики и за нови предизвици, додаде Теодосиева.

Во филмот играат и младите Никола Ристовски и Ненад Нацев кои се нивни партнери во двете приказни (современата и средновековната). Покрај нив во актерската екипа се и: Петар Мирчевски, Камка Тоциновски, Благој Чоревски, Ратка Радмановиќ, Ана Костовска, Лазе Манасковски, Катина Иванова, Кире Ѓоревски, Адем Карага, Јелена Јованова-Периќ. 

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Read more

Култура

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Read more

Почнува Крај Вардарот Џез: Три фестивалски вечери и пет концертни настапи кои кокетираат со авангардни стилови

Read more

Под слоганот Приказна се чита денеска почнува Саемот на книга

Read more

Вечерва во МКЦ премиера на документарецот Време на бетон

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе