Во план е пресметка Надал - Федерер пред 80.000 гледачи на „Бернабеу“

Претседателот на кралскиот клуб, Флорентино Перес, најави дека планира да организира натпревар помеѓу тениските ѕвезди Роџер Федерер и Рафаел Надал на легендарниот стадион „Сантјаго Бернабеу“.

Синоќа Перес одржал состанот со клупската управа, а меѓу останатите теми била и организацијата на тенискиот меч. Идејата е да се постави нов рекорд во посета на тениски натпревар надминувајќи ги досегашните 35.681 гледач на мечот меѓу Ким Клајстерс и Серена Вилијамс одигран на 8 јули 2010 година на „Крал Бодуин“ стадионот во Брисел.

Нов рекорд треба да биде поставен на 7 февруари која Надал и Федерер ќе играат пред 50 илјади гледачи на фудбалскиот стадион „Грин Поинт“ во Кејп Таун, Јужна Африка. Натпреварот ќе биде хуманитаерен бидејќи приходите од продадените влезници ќе бидат наменети за помош на загрозените деца во регионот.

Надал одамна се има декларирано како мадридиста, па играњето пред 80 илјадна публика на стадионот на Реал би било остварување на неговиот сон. Се очекува Федерер да ја прифати покана бидејќи му должи на Надал со оглед на тоа што идејата да се игра во Јужна Африка беше на Швајцарецот чија мајка е родена таму.

За сега не знае кога би се играл натпреварот.

реклама

Тенис

Ѓоковиќ го откажа Мастерсот во Мадрид, па дојде на Ел Класико да го бодри Реал

Read more

Надал елиминиран од Де Минор

Read more

Алкарас нема да ја брани титулата во Барселона

Read more

Ѓоковиќ одби да одговори на новинарско прашање, тајната на успехот ја чува 15 години

Read more
 

Спорт

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе