Македонија

Во прекин сообраќајот Прилеп – Росоман поради шумски пожар

13. септември 2019 - 17:00 | МИА

Скопје, 13 септември 2019 (МИА) – Сообраќајот на патниот правец Прилеп – Росоман денеска од 15:40 часот е во прекин во двата правци, поради шумски пожар над каменоломот Превој – Плетвар.

– Сообраќајот на патниот правец Прилеп – Росоман е во прекин во двата правци, поради шумски пожар над каменоломот Превој – Плетвар, атар на село Тројаци кон село Топлица, се наведува во соопштението од АМСМ.

Коментирај