Сараево, 19 декември 2019 (МИА) – Авион со членови на ИСИС од Босна и Херцеговина слета вечерва на аеродромот во Сараево.
Тие беа депортирани во Босна и Херцеговина од Сирија и според најтиражниот босански весник Dnevni avaz, меѓу нив има седум државјани на Босна и Херцеговина кои се на црвени потерници на Интерпол.
Групата, наводно, вклучува и шест жени и 12 деца.
Според локалните медиуми, меѓу депортираните се Јасмин Кесеровиќ и Емир Алишиќ, познати како радикални терористи кои повеќе пати се појавувале на видеата за пропаганда на Исмаската Држава. Тие ќе бидат упатени до Обвинителството на Босна и Херцеговина.
Околу 200 граѓани кои се бореа на фронтовите треба да се вратат во Босна и Херцеговина.